Економија
Се воведува земјоделски регистар за откуп на производите

Откупот на земјоделски производи во иднина ќе го вршат само откупувачи запишани во посебен регистар што ќе се води при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Ова е главната новина во новиот Закон за земјоделство и рурален развој, што наскоро треба да помине низ собраниска процедура.Како што информираше во вторник заменик министерот во МЗШВ Перица Ивановски регистрираните откупувачи на земјоделски производи ќе мора да исполнат одредени услови, како што се ликвидност, солвентност, соодветен објект и големина. “Откупот ќе се врши на откупни места одредени од откупувачот за кој го известил МЗБШ во рок од најмалку 30 дена пред откупот.“, изјави Ивановски.Тој додаде дека на секое откупно место задолжително ќе се истакнуваат цени за секоја категорија на квалитет најмалку 10 дена пред отпочнување на откупот.Исплатата на откупените земјоделски производи ќе се врши во рок од 30 денови од денот на откупот, а можно е со договорот да се предвиди и авансно плаќање.Откупот ќе се врши со писмен договор, со пропишана форма и содржина и тоа за најмалку 50 отсто од откупените количини ќе мора да биде склучен 45 дена пред почетокот на откупот.Согласно новиот законот се дефинира и начинот на здружување на земјоделците по сектори, при што за релевантни социо-економски ќе се третираат, оние здруженија кои се формирани од 1.000 земјоделски стопанства или од 10 правни лица.Во новиот закон се дефинираат и некои други услови поврзани со одгледувањето, откупот на производите и нивното складирање. Така предвидени се интервнециски мерки при откупот на стоки за потребите на стоковите резерви, потоа како да се пакува и дистрибуира свеж зеленчук и овошје кои произведени во Македонија со цел да се подобри квалитетот на исхраната на лица вклучени во државниот образовен, здравствен и социјален систем.Законот за земјоделство предвидува и мерки за заштита на пазарот преку пропишување дополнителни увозни давачки над минимална цена на граница и врзување на увозни количини на одредени земјоделски производи со откупот на земјоделски производи произведени во земјава. Воедно се дефинира и политиката на директни плаќања.Во законското решение се дефинира и руралниот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.