Контакт

Македонија

Протест: На Велес не му треба сериски убиец

Објавено пред

Велешани на нозе, обединети сите заедно, граѓаните излегоа на протест против рестарт на Топилницата, јавува велешкиот портал „Лисица“. „Метрудхем“ не смее да го рестартира комбинатот“, пораката од центарот на градот ја испрати градоначалникот на Велес, Горан Петров.

dobivaj vesti na viber

Велешани на нозе, обединети сите заедно, граѓаните излегоа на протест против рестарт на Топилницата, јавува велешкиот портал „Лисица“. „Метрудхем“ не смее да го рестартира комбинатот“, пораката од центарот на градот ја испрати  градоначалникот на Велес, Горан Петров.

„Велешани битката за здрава животна средина ја водат во име на идните генерации.Оваа битка мора да ја добиеме оти доста е Велес да биде еколошки загадуван.Ова што вечерва му се случува на Велес е битка за здрава животна средина во цела Македонија“, рече градоначалникот Горан Петров.

Единството кое вечерва го покажаа еколошки  напатените  велешани  е потврда дека здравјето нема цена, а инвестицијата на „Метрудхем“ е непожелна.

„Свртете се околу вас и ќе видите загрижени лица, тоа е показател дека велешани се загрижени од можно ново загадување, нас не ни треба Топилница“,

„Колку луѓе умреа од таа Топилница, не ни е потребна, се снајдоа и некогашните работници, еве видете и тие се тука меѓу сите нас“,

„На Велес не му треба сериски убиец, велешани треба да го убијат серискиот убиец. Со тоа што сме излезени на протест ние кажуваме Не за Топилница“,

„Не  лаже  Зелената коалиција, лажат тие кога викаат дека ако работат нема да загадуваат, доста ни се лаги“, велат случајно анкетираните велешани.

Изминувајки го секој чекор велешани се присетуваа на минатото кога црните облаци од топилничките  оџаци  беа нивно секојдневие. Болестите кај најмладите енермно зголемени, а загадувачот се фалеше со натфрлените норми.

„Секое утро магла, сонце немаше над Велес, се беше тоа од Топилницата“

„Се излеало нешто помор на риби во реката Вардар, се испуштило нешто во воздухот ајде некоја птица ќе умре, е доста е де, нека најдат друга дејност за профит, мора ли олово да се топи“, велат велешани.

Борбата за здрава животна средина ќе биде долга и тешка. Вечерашниов протест е само почеток, од утре следи   институционалната борба.

„Вечерва протести од утре нова битка преку институциите, оти само така можеме да бидеме спокојни дека велешани нема повторно да бидат изложени на зголемени концентарции на олово, цинк и кадмиум во водата, воздухот и почвата“, рече пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Јас се ставам на располагање на велешани, се што можам да помогнам ќе сторам на Велес да не му се повтори минатото“, рече пратеникот на СДСМ,  Марјанчо Николов.

Сто минути им требаше на 10 -те илјади велешани да стигнат до капијата на Топилницата. Таму велешани се соочија си тивкиот убиец. Запалена свеќа, цвеќе и топка, тоа беше пораката од младите.

Организаторите пак  ги повторија уште еднаш трите барања, да не се дозволи рестарт на Топилницата, да се исчисти теренот каде  е изграден погонот металургија, но и да се пренамени земјиштето за развој на мали и средни претпријатија и итна дислокација на троската и започнување на деконтаминацијата на почвата.

Ова е трет еколошки протест во последните осум години.Според масовноста е најголем. Тоа пак ја отсликува желбата на сите велешани за живот во здрава животна средина  наспроти економскиот профит на една фирма./крај/лисица/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Објавено пред

Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет.

-Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино, подготвени со внимание и љубов кон традицијата. Ве поканувам да дојдете, секоја ваша поддршка е инвестиција во домашното производство, локалната економија и развојот на руралниот туризам. Заедно да ја негуваме традицијата и да градиме поуспешна иднина за македонското земјоделство, апелира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој се очекува да се обрати пред присутните учесници и посетители.

Настанот ќе биде збогатен со репертоар на познати музички изведувачи.

Саемот за храна го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Објавено пред

Денеска не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, се наведува во прогнозата на УХМР.

dobivaj vesti na viber

Како што информира УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Детскиот џагор на игралиштата и смеата пред зградата, денес го замени тишината на екраните

Објавено пред

Осаменоста веќе не е проблем само на возрасните. Таа сè почесто ги погодува и децата. Она што некогаш беше џагорот на игралиштата и смеата пред зградата, денес го замени тишината на екраните. Сè повеќе тинејџери се чувствуваат изолирани, а детските психијатри предупредуваат дека расте генерација која веќе не знае да се дружи.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на истражувачкиот центар „Пју“, речиси една четвртина од младите на возраст меѓу 18 и 29 години се чувствуваат осамени поголемиот дел од времето, а кај момчињата од 11 до 17 години тој број се зголемува на повеќе од 26 проценти.

– Децата стануваат сè поосамени. Тоа го знаеме одамна – вели д-р Херман Велес, детски и адолесцентен психијатар од Универзитетот „Колумбија“.

Пред само десетина години децата играа фудбал во дворот, ги шетаа своите миленици и се дружeа до мрак. Денес, повеќето од нив поминуваат часови пред екрани. Истражувањата покажуваат дека секоe трето дете воопшто не игра надвор во школските денови, а едно од пет ниту во текот на викендот.

Родителите, често водени од страв и недоверба кон околината, сè поретко им дозволуваат на децата самостојно да си играат надвор. Како што пишува социјалниот психолог Џонатан Хејт, автор на книгата „Анксиозната генерација“, терминот „опасност од непознатите“ стана симбол на современото родителство.

Стравот, медиумите и претераната претпазливост ги затворија децата во безбедни, но осамени домови.

Социјалните мрежи и видеоигрите ги заменија дворовите, но не донесоа блискост. Напротив, создадоа лажна слика за светот и за себеси. Повеќе од 70 отсто од момчињата редовно гледаат содржини што ја глорифицираат „машкоста без емоции“: сила, надмоќ, пари.

– Тоа создава ѕид – вели психологот Мајкл Роб. Момчињата почнуваат да веруваат дека покажувањето чувства е слабост, а молчењето знак на сила. Со текот на времето, тоа ги оддалечува од другите и од сопствените емоции.

Што можат да направат родителите?

Најважното што родителите можат да направат не е контрола, туку присуство.

– Децата имаат потреба од подобра опција од интернетот. Тоа значи заедничко време, искрен разговор, заеднички оброк – објаснува д-р Велес.

Едноставните моменти како прошетка без телефони, вечера со разговор или заедничка смеа, ги враќаат децата во вистинскиот живот.

Психолозите советуваат родителите да воведат правило без екрани во спалната соба и да одредат време без телефони барем еден час дневно. Наместо лутина за тоа што децата гледаат, препораката е пристапот: „Биди љубопитен, не лут“.

Прашајте го детето што гледа, како се чувствува додека гледа и што му значи тоа. Можеби тогаш првпат ќе чуете нешто искрено.

Детските психолози се согласуваат за едно: играта без телефон и времето поминато со други се најбрзиот лек против осаменоста. Затоа е важно децата повторно да ја имаат можноста што ја имаа генерациите пред нив: да бидат надвор, да грешат, да се смеат и да имаат вистински пријатели, не виртуелни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет40 минути

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет12 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион14 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет14 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа15 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ16 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија20 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ20 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија20 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија22 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија24 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет1 ден

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија1 ден

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион1 ден

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет1 ден

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија2 дена

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...