Свет
Ќе сведочат и судии

Четворица судии од кочанскиот Основен суд ќе сведочат во случајот Зоран
Трајанов, експретседател на Кочанскиот суд, кој е обвинет за злоупотреба на
службената положба.
НА ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА СУДЕЊЕТО НА КОЧАНСКИОТ СУДИЈА ЗОРАН ТРАЈАНОВ
Четворица судии од кочанскиот Основен суд ќе сведочат во случајот Зоран
Трајанов, експретседател на Кочанскиот суд, кој е обвинет за злоупотреба на
службената положба. Неговото судење, кое започна завчера и траеше цел ден, ќе
продолжи на 4 април во Основниот суд во Штип.
Судијата Стојан Михов, кој го води овој процес, не открива кои ќе бидат
сведоците, но нагласува дека на продолжението на судењето ќе бидат повикани
четворица сведоци. Најверојатно, тоа ќе бидат судии во Основниот суд во Кочани,
кои на вчерашниот главен претрес беа посочени од обвинетиот Зоран Трајанов.
"Предметот за кој се товарам најпрвин во работа го воведе судијата Виолета
Миладинова, но кога започна судската ферија, таа замина на одмор", рече
вчера Трајанов и додаде: "Потоа предметот го дадов на судијата Зоран
Глигоров, но тој оправдано го одби. Разговарав со судијата Зоранчо Мицевски,
кој го прифати, но подоцна од службите бев информиран дека и тој го вратил
предметот. Кога и јас се вратив од одмор, имаше ургенции да се реши, а јас како
прв судија го зедов предметот и пресудив", изјави обвинетиот судија Зоран
Трајанов кој кажа дека не сакал никому да наштети. (Ј.
Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.