Свет
Генерал и 40 војници пребегнаа од Сирија во Турција
Еден генерал, двајца полковника два мајора, еден поручник и 33 војници дезертирале од сириската војска и се префрлиле во Турција во понеделникот, јавува Reuters повикувајќи се на турскaта државна телевизија, но не се наведува кога се случило пребегнувањето.
Информацијата за дезертирање на сириските офицери и војници ја пренесе и турската телевизија CNNTurk, според која војниците се префрлиле во Турција заедно со нивните семејства. Севкупно, според на каналот, сириско-турската граница ја минале 224 лица.
Турција заедно со западните и арапските земји им дава поддршка на сириските опозициски сили во 15-месечните напори да го собори од власта претседателот Башар ал-Асад. На турска територија прибежиште под закрила на официјална Анкара најдоа бунтовниците од редовите на Сириската слободна војска и е обезбедено и сместување на илјадниците сириски бегалци.
Односите меѓу Сирија, каде што повеќе од една година не запираат големите анти-владини демонстрации и судири меѓу војската и вооружената опозиција, и Турција, каде што закрила добива сириска опозиција, се интензивираа особено од минатиот петок, кога сириската противвоздушна одбрана собори турски извидувачки авион.
Турскиот воен извидувачки авион од типот „ RF-4E“ кој полета во петокот од воената воздухопловна база Ерхач во југоисточната покраина Малатија во близина на сириската граница, исчезна од радарите половина час по полетувањето во воздушниот простор на Средоземното Море југоисточно од границата со Сирија, во турската провинција Хатај.
Сирија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила турски авион над нејзините територијални води по неговото навлегување во нејзиниот воздушен простор. Министерот за надворешни работи на Сирија, рече дека не станува збор за непријателски или чин на агресија против Турција, туку тоа била реакција за заштита на суверенитетот на земјата, и го нарече инцидентот „несреќа“.
Меѓутоа, во неделата турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу тврдеше дека авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор, а делови од него паднале во територијалните води на Сирија. Турскиот министер за надворешни работи исто така, рече дека Анкара ќе ги преземат неопходните чекори предвидени со меѓународното право, против Сирија во врска со инцидентот. Особено, Турција побара свикување на Советот на НАТО во вторник, на кој ќе се разговара за ситуацијата.
Турција којашто тесно соработуваше со Сирија пред бунтот против сирискиот претседател Башар ал-Асад, се сврти против него откако го обвини дека насилно реагира на опозициските протести коишто беа поттикнати со превратите во другите арапски земји минатата година во ткн Арапска пролет. Сега Турција им дава политичка поддршка и засолниште на сириските опозициски групи, отвори кампови за илјадниците бегалци на границата со Сирија, а лани весникот Hurriyet пишуваше дури дека турските и француските специјалци ги обучувале припадниците на вооружената опозиција и воените дезертери за справување со сириските безбедносни сили./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок
Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“.
Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да се обидат да ги контролираат.
„За мене тоа беше болен процес. Од детството ги сметав САД за природен водач на слободниот свет. Дури зборував за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, кој испратил дански трупи да се борат заедно со САД во Авганистан.
„Сега гледаме дека САД користат јазик што е прилично сличен на гангстерите што треба да ги контролираат – во Москва, Пекинг итн.“, додаде тој.
Расмусен исто така предупреди дека ваквите поделби на Запад му одат во прилог на Кремљ.
„Убеден сум дека Москва се надева Гренланд да стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, рече тој, заклучувајќи: „Значи, ова е прашање што оди подалеку од Данска и Гренланд… Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме.“
Свет
(Видео) Подот попуштил за време на забава: се урна цел кат од зграда во Париз, има повредени
Петтиот кат на станбена зграда во 11. арондисман во Париз се урнал во текот на изминатата ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, во момент кога околу педесет лица биле собрани на забава во станот чиј под се урнал, при што 20 лица биле повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина.
При уривањето на катот од зградата, кое се случило кога подот на приватен стан на петтиот кат се урнал за време на прослава, едно лице било тешко повредено и доживеало срцев застој, а 19 лица се здобиле со полесни повреди, пренесе телевизијата „БФМ“.
Un appartement du 5e étage d’un immeuble situé rue Amelot, dans le 11e arrondissement, s’est effondré sur un autre du 4e étage cette nuit. Une vingtaine de personnes sont blessées Sur place, des constatations sont faites dans le logement. @actufrparis #Paris #pompiers #logement pic.twitter.com/tHsnWLpRM4
— Antoine Grotteria (@AntoineGROTTER1) January 18, 2026
Пожарникарите од урнатините ги извлекле сите повредени, од кои итните служби пренеле 16 лица во болница.
Противпожарната бригада била известена во 00:20 часот дека петтиот кат од зградата со шест ката, на адреса улица Амело број 34, се урнал врз четвртиот кат.
По инцидентот, зградата, заедно со уште две соседни згради, била евакуирана, но станарите од двете соседни згради во текот на ноќта се вратиле во своите станови. Во интервенцијата учествувале 125 пожарникари и околу 40 возила.
Фото: илустрација
Свет
Педро Санчес: Американска инвазија на Гренланд би го направила Путин најсреќниот човек на светот
Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила рускиот претседател Владимир Путин најсреќниот човек на светот.
„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би го легитимизирала неговиот обид за инвазија на Украина“, рече Санчес во интервју за весникот „Вангардија“, пренесе „Ројтерс“.
Санчес оцени дека секоја воена акција на Соединетите Американски Држави против островот, кој е данска автономна територија, би му наштетила на НАТО и би ја легитимизирала руската инвазија на Украина.
„Ако Соединетите Држави употребат сила, тоа би била смртна пресуда за НАТО. Путин би бил двојно среќен“, заклучи Санчес.
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека нема да се задоволи со ништо помалку од сопственост над Гренланд, додека лидерите и на Данска и на Гренланд одговорија дека островот не е на продажба и дека не сака да биде дел од САД.

