Контакт

Свет

Русија го зема нигерискиот гас

Објавено пред

Најголемата бунтовничка група во јужна Нигерија, Движење за еманципација на делтата на Нигер (MEND), издаде соопштение дека во четврток го нападнала нафтоводот на англиско-холандската компанија Ројал Дач Шел. Повод бил посетата на рускиот претседател

dobivaj vesti na viber

Бунтовниците соопштуваат дека со вој напад сакаат да го одбележат доаѓањето на рускиот претседател Дмитриј Медведев кој во средата навечер во Абиџа најави дека неговата држава е подготвена да вложи милијарди долари во нафтениот и гасниот сектор на Нигерија. Рускиот енергетски гигант „Газпром“ чии претставници беа во делегацијата предводена од Медведев, потпиша договор за соработка со Нигериската национална нафтена компанија, со кој е предвидено да добие пристап до резервите на нигерискиот гас. Инаку, овие резерви се проценети дека се меѓу најголемите на светот.Нигерискиот претседател Јар’Адуа Умару по средбата со Меведев изјавил дека договорот меѓу двете држави овозможува остварување на големи енергетски проекти меѓу кои е и грандиозниот транс-сахарски гасовод о кој неигерсискито гас би требало да се извезува во Европа. MEND честопати за високи откупи ги киднапира странските работници кои во делтата на реката Нигер, исто така, организира и големи кражби на нафта од нафтоводот или од цистерни. Од 7-ми јуни објави отворена војна за нафтата, како што соопшти – во името на сиромашното население за кое вели дека е безобѕирно експлоатирано од странските компании. Се проценува дека организација има 20 илјади борци на кои нигериската власт им понуди амнестија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Британски политичари: „Русија сее хаос во балканскиот регион, треба да испратиме војска во БиХ“

Објавено пред

Британски војници треба да бидат испратени во Босна и Херцеговина поради ризикот од дестабилизација на Балканот, тврди поранешниот командант на Обединетите нации, Боб Стјуарт.

dobivaj vesti na viber

Стјуарт, сега независен британски пратеник, рече дека британскиот баталјон ќе биде „најдобриот баталјон“ што може да се испрати во југоисточниот регион на Европа за да се воспостави мир. Претседателката на Комитетот за надворешни работи Алиша Кернс предупреди дека Балканот може да стане место на „трет голем глобален конфликт“, заедно со Украина и Газа, доколку не се преземат превентивни мерки.

За време на дискусијата за безбедноста во регионот, чиј домаќин беше Кернс, таа рече: „Треба да размислиме за изградба на нов безбедносен сојуз меѓу САД, ОК и другите спремни земји-членки на НАТО со Косово, бидејќи тоа ќе помогне да се ублажат непосредните безбедносни грижи што ги имаме.

Интервенирајќи, Стјуарт додаде: „Британски баталјон стациониран во Босна и Херцеговина би испратил многу, многу силен сигнал. И искрено, британскиот баталјон е веројатно најдобриот баталјон што може да се испрати во таква мировна ситуација. Ние му помогнавме на регионот во минатото Ние го направивме тоа на политичкo, социјалнo, економско поле, и, се разбира, многу работа е направена во БиХ“.

Министерот за надворешни работи Дејвид Ратли, од друга страна, рече дека во моментов нема такви планови, но дека „Обединетото Кралство продолжува силно да ги поддржува вооружените сили на Босна и Херцеговина“. Тој додаде дека британската влада „постојано“ го ревидира својот пристап кон санкциите и ќе размисли да ги таргетира оние кои „се обидуваат да ја поткопаат ситуацијата“.

Пред дебатата, Кернс за новинската агенција PA изјави: „Балканот е важен и ако го игнорираме, ќе завршиме со пожар на нашиот праг. Ова не е важно само за европската безбедност, бидејќи во суштина тоа е нашиот продолжен двор и ако дојде до криза на Балканот, ќе ја почувствуваме тука, ќе не погоди сите нас и не можеме да си дозволиме трет глобален голем конфликт, што би било токму тоа“.

Таа, исто така, посочи дека Русија има намера да сее хаос во регионот: „Се работи за создавање што е можно повеќе театри на конфликти. Тие постојано го повторуваа фактот – ако работите не одат добро во Украина, Русија би го дестабилизирала Балканот“.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“: Не сакаат мигранти, а тие се она што не прави силни

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“ затоа што не сакаат да примат мигранти.

dobivaj vesti na viber

Тој го рече ова за време на говорот на настанот за собирање средства за неговата изборна кампања, во средата навечер, на донаторска вечера пред публика составена претежно од Азиски Американци., пишуваат тамошните медиуми. Бајден рече дека претстојните избори во САД се за „слобода и демократија“ и дека економијата на земјата напредува поради нив и многу други, „бидејќи САД ги пречекуваат имигрантите“.

„Зошто Јапонија има економски проблеми? Зошто Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат мигранти, а тие се она што не прави силни, бидејќи имаме прилив на работници кои сакаат да бидат тука и сакаат да придонесат“, додаде американскиот претседател.

На овие зборови на Бајден досега не реагираа ниту јапонската ниту индиската влада.

Прикажи повеќе...

Свет

Директорката на американското разузнавање: Русија напредува на бојното поле, но војната во Украина нема да заврши наскоро

Објавено пред

Директорката на Националната разузнавачка служба на САД, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и меѓународен план е во корист на рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Хејнс пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала нападите врз украинската инфраструктура за да ја намали способноста на Киев да распоредува војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди Украина да ги разгледа преговорите.

„Сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека продолжувањето на борбата само ќе ја зголеми штетата за Украина и нема да понуди пат до победата“, рече Хејнс.

Говорејќи пред Комитетот за проценка на заканите на САД во 2024 година, таа рече дека „оваа агресивна тактика веројатно ќе продолжи“ и „војната нема да заврши наскоро“.

Хејнс изјави дека Русија напредува на бојното поле и дека нејзините сили наскоро би можеле да направат тактички пробив во Доњецк и Харков, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија5 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија6 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија8 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија9 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија10 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет11 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет11 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија11 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет11 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет11 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет11 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија22 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија23 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија24 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија1 ден

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија1 ден

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...