Македонија
Одговор на реакцијата на амбасадата на Полска
Со уважување и со особена почит кон огромните полски жртви во Втората светска војна ја прифаќаме забелешката од амбасадата на Република Полска во Република Македонија за веста „Бугарија првпат се извини за депортацијата на повеќе од 11 илјади Евреи”.
Со жалење констатираме дека споменатата спорна фраза „тие биле однесени во логорот Треблинка во Полска и ликвидирани” немаше никаква намера да повреди, уште помалку да наведи или, пак, да имплицира што и да е, туку едноставно станува збор само за актуелно географско одредување, што е ноторен факт, и кој беше на истиот начин формулиран во агенциските вести на неколку агенции од регионот, но што не го земаме како предмет на сопствен одбрана.
Впрочем, и кога некој денес би напишал дека македонските Евреи се испратени во нацистичките логори на смртта од просториите на Тутунскиот комбинат во Скопје, а во токму една од нив е сместена редакцијата на Макфакс, дали тоа би значело дека некој имплицира оти за нивното депортирање во трагедијата е одговорен Тутунскиот комбинат или, пак, Макфакс.
Меѓутоа, исто така елементарното знаење на читање на новински текст налага дека една изделена фраза не може да се зема вон контекстот, кој недвосмислено укажува на виновникот за оваа трагедија на Евреите во текот на Втората светска војна.
Патем, посочената официјална определба на УНСКО – „германските концентрациони логори во окупирана од нацистите Полска”, е веќе користена во информациите на Новинската агенција Макфакс.
Оттаму, уште еднаш се извинуваме затоа што без никаква намера сме го предизвикале чувството на навреда.
Но и сме и натаму убедени во своето солидно и повеќе од основно познавање на Втората светска воја, се придржуваме до кодексите на светското професионално новинарство (и покрај таквите забелешки што ги упатува кон редакција г-ѓа Марта Пжениосло, вршител на работите во амбасадата на Република Полска во Скопје, кои ги сметаме за произволно толкување, најверојатно предизвикано од чувството на навреденост за што имаме секако разбирање и повторно се извинуваме поради ненамерното предизвикување на истите), за што всушност сведочат и 20-те години успешно работење на агенцијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево, со температури до 19 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 15 до 19 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 17 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.
Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели.
Во објавата, Лога се извини на сите што можеби се почувствувале повредени од негов збор или однесување, нагласувајќи дека секогаш ги кажувал своите ставови без да ја пресметува цената.
Тој потсети дека бил генерален секретар, а потоа и потпретседател на Алијансата за Албанците, и им се заблагодари и на гласачите на Европскиот фронт и Националната алијанса за интеграција.
Лога зборуваше и за своето семејно и политичко потекло, опишувајќи ја средината во која израснал, обележана со притисоци и прогони во поранешниот југословенски систем.
Во пораката наведе дека Северна Македонија заслужува да биде слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани и повика на заедничка одговорност во градењето на земјата.
На крајот, Лога порача дека ќе остане меѓу граѓаните, но отсега на послободен и независен пат, како што рече, како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето.
Македонија
„Супорт Кочани“ ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите од пожарот
Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“ истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.

