Компании
„Домен Лепово Гранд Куве“ – ново вино на ВВ „Тиквеш“
Лансирано новото суперлуксузно македонско вино од портфолиото на премиум брендот „Домен Лепово“ на ВВ „Тиквеш“.
„Домен Лепово Гранд Куве“ (Domaine Lepovo Grand Cuvée) е совршено балансирана купажа (мешавина) од три висококвалитетни сорти грозје – вранец, каберне совињон и мерло. „Со најновиот член од портфолиото на Домен Лепово достигнуваме нов врв во производство на моќни, ексклузивни вина со исклучителен квалитет и висока додадена вредност. На ваков начин, остануваме доследни на нашата стратешка определба за континуирано збогатување на понудата и во сегментот на производство на ограничени количини префинето вино. Истовремено, горди сме што на вистинските вински сладокусци и колекционери во земјава и странство ќе им понудиме една уникатна винска икона“, вели генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.Како и останатите ексклузивни вина од овој премиум бренд, во процесот на создавање на „Домен Лепово Гранд Куве“ се вградени најдобрите практики на француската винска школа и знаењето на светски реномираниот вински мајстор Филип Камби.Целокупниот процес на производство се одвива во бутик винарницата „Домен Лепово“, која е во рамки на самиот посед каде се лоцирани лозјата, со што е овозможена максимална контрола на квалитетот. Поседот „Лепово“ е сместен во предел во кој природата е вистински наклонета за одгледување грозје и каде сонцето, водата, климатските услови и почвата, сѐ во совршен баланс, идеален за производство на префинети вина. Локалитетот се карактеризира со суб-медитеранска клима, со долги сончеви и топли денови и кратки и релативно топли ноќи во периодот од јуни до крајот на октомври, кога грозјето ја добива својата полна зрелост. Лозјата на локацијата Лепово се на надморска висина од 250 метри. Поради близината до реката Вардар тие се изложени на постојан благ, топол ветар „Повардарец“, кој го носи влијанието на Медитеранот и овозможува лозовите насади да бидат во совршена здравствена состојба, што придонесува за постигнување висок, константен квалитет на грозјето.Огромно влијание врз екстра високиот квалитет на ова вино има и изборот на грозјето. Во овој сегмент, направен е внимателен избор на секој грозд и редукција на приносот по хектар, со оставање на два најдобри грозда по лоза, со што е овозможена максимална концентрација на аромите и вкусовите во виното. Дополнително, за моќните својства и ароми на ова вино придонесува и неговото одлежување во времетраење од 18 месеци што се одвива во специјални (ICON) француски барик буриња кои се користат само за виното од една берба. За секоја наредна берба се користат нови буриња. Сите овие елементи придонесуваат за ексклузивноста на „Домен Лепово Гранд Куве“, кое се произведува во лимитирана серија од 20.000 шишиња. Поради атрактивноста и извонредно високиот квалитет, ова вино е позиционирано во високиот ценовен сегмент и ќе биде достапно само на најзначајните светски пазари, како и во ограничен број угостителски објекти и неколку специјализирани продажни објекти во земјава. Поради својата уникатност и висока вредност, ова вино е совршен ексклузивен подарок. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

