Македонија
Процес за киднапираните од ГП „Маврово”
Во Основниот суд Скопје 1 почнува процесот за случајот малтретирани работници на ГП „Маврово”. Тој е првиот од четирите хашки случаи подигнати за злосторства против човештвото од 2001 г.
На материјалот содржан во ова досие работеа двајца обвинители, а Основното јавно обвинителство не отстапува од свој став изграден уште во времето кога ова досие беше испратено во Хаг, а од таму вратено пред македонските судови и досега се преведуваше. Случаите „Раководство на ОНА”, „Липковска брана” и „Киднапирањето на 12-мината македонски граѓани”, сé уште се преведуваат. За случајот „Киднапирани работници на ГП Маврово”, уште пред неговот испраќање пред Хашкиот трибунал, беа притворени Шкодран Идризи и Фадиљ Ферати.Изет Меџити, шефот на изборниот штаб на ДУИ, партија којашто се поврзува со случајот „Раководство на ОНА”, по ова одговори на прашањата Форум:Деновиве е отворен процесот за еден од четирите “хашки случаи” кои го задираат и раководството на ОНА, а некои од него денес се во ДУИ. Како го коментирате ова? – „Сметам дека тоа не е во полза на сите граѓаните на РМ. И како граѓани а особено како политички субјекти, треба да бидеме определни да гледаме напред, а не да се потсетуваме на 2001 г. Сметаме дека со Законот за амнестија се затворија тие прашања и не е во интерес да се навраќаме на работи кои ќе нé враќааат назад и може да предизвикаат други несакани последици А и Хашкиот трибунал го кажа неговото.”Значи ли тоа дека ДУИ нема да реагира доколку Судот во Хаг донесе ослободителни пресуди за Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски? – “Тоа е работа на Хашкиот трибунал. Тоа е меѓународна правна институција со големо реноме и тие ќе одлучат. Малку е важно кој ќе биде ставот на која и да е политичка партија во однос на тоа”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

