Контакт

Спорт

Гран При трката во мотокрос викендов по втор пат

Објавено пред

Втората трка „Гран При“ Македонија 2010 од отворениот Источно- Европски шампионат во Мотокрос на 10-ти и 11-ти април ќе се одржи на патеката Милци во Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

Втората трка „Гран При“ Македонија 2010 од отворениот Источно- Европски шампионат во Мотокрос  на 10-ти и 11-ти април ќе се одржи на патеката Милци во Гевгелија. На втората трка во мотокрос ќе учествуваат моторциклисти од десетина земји поделени во 7 класи а фаворити се Томпа од Романија, Иванов од Бугарија, Кузис од Грција, Кабал од Романија и Керемидас од Грција. Боите на Македонија ќе ги бранат трикратната шампионка Фетије Елези, Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков. Од младите надежи ќе настапат Благојче Спирковски и Драган Ванов но двојниот минатогодишен шампион Христијан Илионски оваа година нема да настапи бидејќи нема конкурентен моторцикл. Тренинзите ќе започнат во сабота од 10.30 додека свеченото отворање ќе биде во недела исто така во 10.30./крај/со/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?

Објавено пред

ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.

dobivaj vesti na viber

Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.

Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.

Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.

„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”

Прикажи повеќе...

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Објавено пред

Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.

dobivaj vesti na viber

Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.

Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.

Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал богато ќе ги награди фудбалерите доколку ја освојат ЛШ

Објавено пред

Реал и Баерн од 21 часот во Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа место во финалето обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2:0 го елиминира ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

„Марка“, денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по фудбалер, што е за 500.000 евра по фудбалер повеќе отколку што за истиот успех беа наградени фудбалерите на Реал во 2022 година.

Со богата сума ќе бидат наградени и членовите на штабот, па се проценува дека Реал во случај на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите ќе плати издвои околу 40 милиони евра за да ги награди фудбалерите и стручниот штаб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија27 минути

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија43 минути

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија43 минути

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија43 минути

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија44 минути

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија2 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија3 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија4 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија7 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија7 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија8 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ9 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија10 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ10 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет10 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија11 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет11 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет11 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет11 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...