Македонија
МВР: Неселективни казни за сите кои ќе го прекршат изборниот процес

Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово во 6 часот ги распореди полициските службеници на избирачките места коишто ќе треба да ги обезбедуваат до 19 часот, до завршувањето на гласањето на вторите по ред предвремени парламентарни избори во Македонија
Како што соопштуваат од Министерството, најголемиот дел од избирачките места се покриваат со фиксно обезбедување, но согласно потребите и проценките во однос на ризикот одредени избирачки места се покриваат и со патролни служби кои што на одреден временски интервал поминуваат и ја контролираат безбедносната состојба на избирачките места. МВР во текот на целиот ден континуирано ќе биде во контакт со Државната изборна комисија (ДИК), со избирачките одбори и со општинските изборни комисии и ќе постапува по секоја пријава на граѓанин, овластени лица или какво било барање за асистенција. МВР не открива колку точно полицајци ќе го озбезбедуваат изборниот процес. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска пред неколку недели изјави дека близу 6.900 полицајци до денот на изборите ќе поминат обука за тоа како да го обезбедуваат изборниот процес.Денеска ќе работат и Управните служби, па сите граѓани кои аплицирале за лични документи и чии документи се изработени, ќе можат да си ги подигнат личните карти или патните исправи кои можеби ќе им требаат за да го остварат своето гласачко право. „Министерството за внатрешни работи по затворањето на изборачките места ќе продолжи со третата фаза од оперативниот план односно со обезбедувањето на самите избирачки места, пребројувањето на гласовите и потоа дистрибуцијата односно транспортот на избрачкиот материјал до општинските изборни комисии“ објаснува портпаролот на МВР, Иво Котевски. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска предизборниот период го оцени како мирен и без ниту еден посериозен инцидент. Во текот на предизборната кампања беа поднесени две кривични пријави за насилство и три прекршочни пријави за одлепување на плакати, а беа скршени прозорските стакла на 33 политички штабови. МВР најавува неселективни казни за сите оние кои ќе се обидат да го нарушат правото на секој граѓанин мирно, слободно и демократски да гласа за онаа опција која сака да ја поддржи Неколку дена пред изборите Јанкулоска порача, „Сите оние кои би се обиделе да ја узурпираат вољата на граѓаните со нарушувања на изборниот процес, МВР ќе биде бескомпромисно и никому нема да му прогледа низ прсти. Нема да дозволиме никакви сценарија кои како крајна цел би имале непочитување на изборните резултати и непризнавање на изборот на граѓаните“.Законот за кривичните дела за изборите и гласањето, односно, спречување на избори и гласање предвидува од шест месеци до пет години затвор за секој кој со употреба да сила ќе спречи гласање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.