Македонија
Бригадниот генерал Горанчо Котески – нов началник на Генералштабот на АРМ
Бригадниот генерал Горанчо Котески, со указ на претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов е именуван за Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, информираат од кабинетот на претседателот.
Бригадниот генерал Горанчо Котески, со указ на претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов е именуван за Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, информираат од кабинетот на претседателот.
Истовремено, Иванов потпиша указ за унапредување на Котески во чин генерал-мајор.
„Претседателот изрази очекување дека како Началник на Генералштабот, генерал Котески ќе ги продолжи реформите на АРМ со цел нејзино натамошно етаблирање како модерна и ефикасна сила и гарант на мирот и стабилноста“, велат од кабинетот на Иванов.
Претходно, претседателот Иванов, поради истекување на мандатот го потпиша указот за разрешување на досегашниот началник, потполковник Мирослав Стојановски. На средба во Охрид, Иванов му изразил благодарност на Стојановски за целокупниот негов ангажман во вршењето на високата функција.
Свеченото примопредавање на функцијата е закажано за 18-ти август, Денот на АРМ, во Центарот за обука во Охрид.
Од кабинетот на Иванов, исто така, информираат дека командантот на 2-рата механизирана пешадиска бригада, полковникот Методија Величковски е унапреден во чин бригаден генерал. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Македонија
Сè повеќе случаи со лажни сообраќајки, охридската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
„Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура“, рече Митески.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност.

