Македонија
Цртање графити во општина Кисела Вода
Голем едукативен проект “Цртаме графити – Со општината заедно”, ќе се реализира во четврток во сите осум основни училишта во општина Кисела Вода. Носечката идеја на проектот е осмислување на вокабуларно – илустративни пораки кои како графити ќе се аплицираат на фасадната површина
Голем едукативен проект “Цртаме графити – Со општината заедно”, ќе се реализира во четврток во сите осум основни училишта во општина Кисела Вода.Носечката идеја на проектот е осмислување на вокабуларно – илустративни пораки кои како графити ќе се аплицираат на фасадната површина на основните училишта. Активни учесници се учениците, нивните класни раководители и нивните предметни наставници по ликовна уметност, а во реализацијата и промоцијата на овој проект ќе помогнат и познати и еминентни личности кои завршиле основно образование во овие училишта, односно познати жители на општина Кисела Вода.Целта на проектот е кај секое дете да се развие чувството за припадност, сопственост, како и чувство за естетика во околината во која живеат.Во минатото графитот беше недозволена уметност, но денес општеството ги прифаќа како урбан феномен кој успеа да се наметне насекаде во светот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

