Свет
По 100 илјади евра за распеана кампања
Одредена партија ќе потроши и до 100.000 евра за кампањата. Партиите ќе плаќаат меѓу 15 до 20 илјади евра по пејач кој ќе пее од почетокот до крајот на кампањата или околу 1.000 евра од настап. Има пејачи кои земале и по пет илјади евра, но остатокот
ПОЛИТИЧКО-ЕСТРАДНА ЖЕТВА
Одредена партија ќе потроши и до 100.000 евра за кампањата. Партиите ќе плаќаат меѓу 15 до 20 илјади евра по пејач кој ќе пее од почетокот до крајот на кампањата или околу 1.000 евра од настап. Има пејачи кои земале и по пет илјади евра, но остатокот
Кој, каде, за колку пари ќе пее на изборните кампањи на партиите е главната тема на македонската естрада. Со оглед на економската состојба во државава, дел од пејачите велат дека пеењето не значи политички определена естрада, туку едвај чекан момент на печалба, иако има и такви кои настапуваат заради партиската книшка или за приватни услуги. Не кажуваат ни кој за колку пари ќе пее. Пејачите признаваат дека ова пеење е нивна ретка жетва, а партиите дека се уште не се испазарени и затоа нема што да се дискутира за цената.
Сепак, дознаваме дека дел од партиите ќе потрошат и до 100.000 евра за да ги платат пејачите. Цената за еден пејач се движи меѓу 15 до 20 илјади евра за поголемите sвезди, кои ќе пеат од почетокот до крајот на кампањата, што би значело 1.000 евра од настап. Оваа цена не важи за сите зашто има пејачи кои ќе земат и по пет илјади евра, но остатокот од парите ќе го простат за да им помогне, доколку партијата дојде или остане на власт, во одредени приватни потреби, како вработување за нив или за блиски во семејството, помош во купување стан, поддршка на одредени проекти, спонзорства…
Ни една од партиите се уште не сака да каже кој ќе им ги забавува избирачите. Велат дека имињата на пејачите нема да ги кажат додека официјално не им почне кампањата.
Оливер Шамбевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека речиси е готов списокот на пејачи кои ќе ја поддржат нивната кампања, ама се до почетокот на кампањата нема да ги соопштат имињата на пејачите. Дознаваме дека за нив ќе пеат Владо Јаневски, за кого велат дека најмногу ќе се опари, Ребека, Гоце Арнаудов, Соња Тарчуловска и Јован Јованов. Владо и Ребека беа првите кои беа испазарени, а потоа кон нив се приклучија Соња Тарчуловска и фолк – пејачот Гоце Арнаудов, кому ова му е прва политичка кампања во кариерата. Од пред десетина дена ги испазариле Тијана и Јован Јованов во чие студио веќе се снима химната.
И од СДСМ се уште не кажуваат кој ќе им настапи на изборната кампања. Борис Кондарко вели дека се уште не знае ни дали воопшто ќе има пејачи на нивната кампања. "А и да има, тоа, секако, нема да го кажеме додека не почне кампањата", вели тој.
Добро информираните велат дека на СДСМ главни sвезди ќе им бидат Дарио, кој секогаш настапува за оваа партија, Александар Митевски, Бени од "Нон- стоп" и Верче Пандиловска. Ним во текот на кампањата ќе им се приклучат уште неколку пејачи кои ќе дојдат како дополнување на веќе познатата четворка.
Од партијата на Тито Петковски најавуваат скромна кампања.
-Тоа не значи дека ќе немаме пејачи, ќе има и од забавната и од народната музика, но со нив се уште се преговара и никој не е дефинитивен за да го кажеме. Светско првенство во фудбал е, значи дека ќе мораме поинаку да се организираме -, вели Горан Мисовски, шеф на изборениот штаб.
Во ВМРО-НП ќе имаат химна, но се уште не кажуваат кој, односно колку пејачи ќе ја пеат.
-Ќе имаме и придружни пејачи, но се уште не се знае дали ќе бидат истите што ќе ја пеат и химната. Не можеме да кажеме, зашто пејачите не замолија да ги држиме во дискреција додека не почне кампањата за да немаат проблеми. А ни најавија дека веќе имаат, иако не знаеме кој издал дека преговараат со нас-, објаснуваат во оваа партија.
Ист е одговорот и во останатите партии, до почеток на кампањата да не се кажува кој од пејачите ќе ги поддржи. (В.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

