Свет
Попладнево три земјотреса во Тимор, Чиле и Тонга
Од 16 до 19 часот во сабота се регистрирани три посилни земјотреса со магнитуди меѓу 5 и 6 степени според Рихтеровата скала, објави интернет страницата на американскиот Геофизички институт
Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени случил во близина на брегот на островот Источен Тимор во западнито дел од Тихиот Океан. Епицентарот на поптресот бил на 135 километри северно од главниот град на Источен Тимор, Дили. Овој и серија последователни потреси биле регистрирани со епицентар на длабочина од 20,6 километри. Нема известувања за можни жртви или материјална штета беа пријавени, а не е обајвена ниту опасност од појава на цунами.Земјотрес со магнитуда 5,8 степени по Рихтер исто така во Тихиот Океан затресол и во близина на островите Тонга. Подземниот удар е лоциран на 155 километри североисточно од главниот град на Тонга, Нукуалофа, со епицентар на длабочина од 9,5 километри. И при овој удар ималио неколку пследователни замјотреси со помали магнитуди, а исто так анема пријави за штети и евентуални ѓртви а нема опасност од појава на цунами. И третиот попладневен земјотрес е регистриран на границата од атлантско-американската тектонска плоча. Земјотрес со магнитуда од 4,8 по Рихтер ја затресол почвата во Чилем на 215 километри југо-западно од главниот град Сантијаго. Епицентарот се наоѓал на 80 километри западно од главниот град на Курико, а на длабочина од 32,9 километри. Информации за жртви или материјална штета не се пријавени. Кон крајот на февруари годианва, во Чиле во разорнито земјотрес со магнитуда од 7,1 астепени проследен со цуинами загинаа повеќе од 500 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ФБИ ја обвинува администрацијата на Бајден дека „седела на докази“ за цевните бомби пред Капитол
Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Кеш Пател, ја обвини администрацијата на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, дека со години седел на докази во истрагата за поставените цевни бомби пред Капитол.
Пател изјави за „Фокс њуз“ дека случајот стагнирал речиси пет години и покрај тоа што, според него, нема нови докази во последните години.
Тој оцени дека станува збор за чиста некомпетентност или намерна небрежност на претходното раководство на ФБИ, пишува „Њујорк пост“.
Во четвртокот, Брајан Кол помладиот, од Вирџинија, беше уапсен и обвинет за производство и поставување експлозивни направи пред седиштето на Демократската и Републиканската партија на 5 јануари 2021 година.
Според документот за веројатна причина, истражителите го поврзале со случајот користејќи банкарски трансакции, податоци од мобилен телефон и геолокација.
Властите соопштија дека Кол ги подготвувал уредите од 2019 година.
Пател рече дека за време на внатрешната ревизија, повторно биле анализирани три милиони докази, вклучувајќи телекомуникациски записи и документи собрани според претходни налози.
„Сега го стеснивме пребарувањето, благодарение на методите што ги воспоставивме во последните осум месеци“, рече тој.
Поранешниот водител на Фокс и сегашен заменик-директор на ФБИ, Ден Бонгино, кој го надгледува случајот, рече дека бирото е прилично уверено дека го имаат вистинскиот осомничен.
Свет
Песков: Ако целите не се постигнат мирно, руската операција во Украина ќе продолжи
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес предупреди дека ако Русија не успее мирно да ги постигне своите цели во Украина, специјалната воена операција ќе продолжи.
„Ако не сме во можност мирно да го решиме проблемот и да ги постигнеме нашите цели, ќе продолжиме со нашата работа и ќе направиме сè што е потребно за да ги заштитиме нашите интереси. Воената операција ќе продолжи“, рече Песков во интервју за „Раша тудеј“,
Тој посочи на позитивниот напредок на руските вооружени сили на терен.
Според него, Москва се надева дека процесот на преговори за украинското решение ќе добие моментум и дека темпото на преговорите за предлозите на САД ќе биде забрзано.
Песков истакна дека Москва е подготвена да почне сериозна работа врз основа на нацрт-договорот подготвен од Вашингтон, и дека ставот на Русија останува непроменет по договорите постигнати за време на самитот Русија-САД во Анкориџ.
„Ставот на Москва во моментов е доста јасен, доста е разбирлив и не се очекуваат промени. Иако, се разбира, ние сме подготвени да покажеме флексибилност со цел да се најде решение“, заклучи Песков.
Свет
Шведска ја прекинува помошта за посиромашните земји, парите ќе бидат пренасочени кон Украина
Шведска ќе ја прекине помошта за развој за пет земји во наредните години и ќе ги искористи парите за да ја зголеми поддршката за Украина, објави шведската влада.
Скандинавската земја планира постепено да ја укине помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија Бенџамин Дуса.
„Украина е најважниот приоритет на Шведска во надворешната политика и развојот, и затоа владата планира да ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди круни (910 милиони евра) во 2026 година“, рече Дуса.
Владата соопшти дека мерките ќе ослободат повеќе од две милијарди круни во текот на следните две години кои би можеле да бидат пренасочени кон Украина, за да се користат во проекти како што е обновата на енергетската инфраструктура на земјата.
Шведска веќе ја намали помошта за повеќе од 10 земји откако сегашната влада ја презеде власта во 2022 година, вклучувајќи ги Буркина Фасо и Мали.
Шведска е главен донатор на хуманитарна помош, со буџет што достигнува 56 милијарди круни годишно за овие цели во последните три години.

