Свет
Судот забрани штрајк на франкфуртскиот аеродром
Германскиот суд за работни спорови му наложи на персоналот на Франкфуртскиот аеродром да се врати на работа, откако штрајковите кои се одржуваа минатата седмица предизвикаа откажување на стотици летови на аеродромот
Германскиот суд за работни спорови му наложи на персоналот на Франкфуртскиот аеродром да се врати на работа, откако штрајковите кои се одржуваа минатата седмица предизвикаа откажување на стотици летови на аеродромот каде дневно има околу 1.200 летови.
Судот донесе пресуда во полза на компанијата „Фрапорт“ која управува со аеродромот и воздухопловната компанија „Луфтханза“ која морала да откаже уште 140 летови поради штрајкот во попладневните часови, нагласувајќи дека штрајкот го прекршува германскиот закон за работа.
Персоналот на најпрометниот германски и еден од водечките европски аеродроми првпат ја прекина работата на 16-ти февруари, барајќи зголемување на платите и на бонусите, како и пократко работно време.
Претходно судот им забрано на контролорите на летањето да се придружат на штрајкот на околу 200-те членови на персоналот.
Синдикатот на работниците најави жалба. /крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

