Свет
Русија против одложувањето на планот на Анан, НАТО против вооружувањето на опозицијата
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во понеделник изјави дека се противи на какво и да е одложување или ултиматум во врска со почетокот на реализација на планот на Кофи Анан за Сирија, додека истовремено првиот човек на НАТО Андерс Фог Расмусен смета дека е погрешно да се вооружува која и да
Изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, следува откако претходно во неделата на конференцијата на групата Пријатели на Сирија во турската метропола Истанбул беше упатен повикот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад да му се даде „краен рок“ за спроведувањето на планот Кофи Анан, заедничкиот специјален претставник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија.
„Ултиматумот и вештачкото создавање одложување, ретко може да се покаже полезно. Кофи Анан доби мандат од генералниот секретар на Обединетите нации и од Советот за безбедност, затоа на Советот за безбедност е да оценува кој и како ќе ги спроведува неговите предлози“, се вели во писмената изјава на Лавров дадена при неговата посета на ерменската престолнина Ереван, тврдејќи дека учесниците на конференцијата во Истанбул не можат да го оценуваат спроведувањето на планот од шест точки за надминување на конфликтот во Сирија на Анан, туку тоа е во надлежност на Советот за безбедност на ОН, пренесува AFP.
Шефот на дипломатијата на Русија, којашто инаку одби на учествува на истанбулскиот состанок на групата Пријатели на Сирија, заедно со Кина како и на првиот одржан во Тунис, претходно за руските медиуми оцени дека собирот во Истанбул е во спротивност со декларираните цели за мирно решавање на кризата во Сирија.
„Намерите и гаранциите коишто учесниците на состанокот во Истанбул ги искажаа во односна на директната поддршка на сириската вооружена опозиција, вклучувајќи ја и воената поддршка, несомнено се во спротивност со целите на мирното решение на судирите“, се истакнува во изјавата на Лавров.
Речиси истовремено во седиштето на НАТО во Брисел, генералниот секретар Андерс Фог Расмунсен соопшти дека не е правилно да се вооружува сириската опозиција.
„Јас не мислам дека преставува вистински начин да се снабдува со оружје која и да е група (од сириската опозиција -з,р)“, изјавил Расмусен за новинарите во Брисел, пренесува РИА Новости.
Според Расмусен, набавката на оружје на спротивставените страни во сирискиот конфликт би можело да претставува закана од ширење на вооружувањето во регионот.
Генералниот секретар на НАТО изразил надеж дека ќе се дојде до мирно дипломатско решение на кризата во Сирија, врз основа на предлозите од страна на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, поранешниот генерален секретар на светската организација, Кофи Анан.
Планот на Кофи Анан, во прв ред претпоставува итен прекин на насилствата во Сирија, почеток на внатрешен политички дијалог, повлекување на владините трупи и итно обезбедување хуманитарната помош да биде доставена до провинции погодени со вооружените конфликти. Советот за безбедност на ОН на 21-ви март едногласно го усвои извештајот со кој се изразува „целосна поддршка“ на предлозите на Анан за решавање на ситуацијата во Сирија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети
Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети.
Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила.
Во соседната Воронежка област, која се граничи со Белгород на исток, гувернерот Александар Гусев исто така пријави ракетни и напади со дронови, наведувајќи дека противвоздушната одбрана пресретнала дел од дроновите.
Пожар во едно општинска постројка бил брзо изгаснат, иако непотврдени извештаи на социјалните мрежи тврдат дека била погодена градската комбинирана термоелектрана.
Гусев предупреди дека делови од Воронеж би можеле привремено да останат без струја и да имаат прекини во греењето. Тој исто така пријави оштетувања на објекти на една градежна компанија и неколку возила. На жителите им беше препорачано да се засолнат во бункери како мерка на претпазливост.
Во градот Таганрог во Ростовската област исто така имаше извештаи на социјалните мрежи за експлозии и прекини на електрична енергија.
Во меѓувреме, Украина соопшти дека претрпела десетици напади, нарекувајќи ги едни од најжестоките руски ракетни и напади со дронови врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.
Од 69 напади со дронови, 34 биле одбиени, според украинските власти. Ден претходно, Русија изврши напади со 458 дронови, 45 ракети и крстосувачки проектили.
Народот на Украина и понатаму е сериозно погоден од прекини на струја, греење и топла вода, пренесе ДПА.
Свет
Три лица загинаа, а 15 се повредени откако Тенерифе го погодија џиновски бранови
Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА.
Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе.
Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината националност, но нејзината точна возраст сè уште не е потврдена.
Инцидентот се случи вчера попладне во Пуерто де ла Крус, град на северниот брег на Канарскиот Остров, кога силата на брановите ја однеле неа и уште девет лица во водата.
Полицајците и случајните минувачи успеале да ги извлечат сите на брегот. За жал, Холанѓанката доживеала срцев удар и починала и покрај обидите за реанимација од страна на болничарите на местото на настанот.
Останатите девет лица, меѓу кои и тројца француски туристи, се пренесени во болница со различни повреди, од кои некои се сериозни.
Втора жртва е пријавена во Чарко дел Виенто, на околу 15 километри западно од Пуерто Ла Крус. 43-годишен Шпанец паднал во морето додека ловел риба.
Тој бил брзо спасен со хеликоптер, но болничарите можеле само да ја констатираат неговата смрт, според весникот „Ел Дија“. Властите веруваат дека најверојатно бил удрен од џиновски бран, иако немало очевидци.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.

