Контакт

Свет

Медведев: Лукашенко се обидува од Русија да направи непријател на Белорусија

Објавено пред

Рускиот претседател Дмитриј Медведев смета дека белоруското раководство се обидува од досегашниот голем сојузник Русија да направи еден од главните непријатели на Белорусија

dobivaj vesti na viber

„Желбата пред домашната јавност да прикаже надворешен непријател, отсекогаш беше карактеристика на белоруското раководство. Порано во таа улога ги користеше Америка, Европа, Западот во целина. Сега за еден од главните непријатели е прогласена Русија“, напишал рускиот претседател Димитриј Медведев на својот блог, пренесуваат во недела навечер руските медиуми.Според Медведев, во последно време забележлива е анти-руската реторика кај раководството на Белорусија..„Изборната кампања таму е целосно изградена на анти-руски изводи, на хистерични обвинувања за неподготвеноста на Русија да ја поддржи Белорусија и белоруската економија, се искажуваат клевети за руското раководство. Зад сево ова се покажува јасната желба да се судрат државите и, според тоа, народите“, пишува Медведев.  Медведев забележува дека целата предизборна кампања Лукашенко ја гради на обвинувања за Русија и нејзиното раководство, занимавајќи се со тоа дека и руските медиуми, како и руската економија ја поддржуваат белоруската опозиција, „па дури искажува и загриженост за некои наши пензионирани високи функционери или сменети чиновници“, пишува рускиот претседател на својот блог.Според Медведев, Лукашено отишол многу предалеку од дипломатските правила, и не се раководи од нив туку од елементарните човечки слабости, што, како што признава, рускиот претседател, кај неговиот белоруски колега „не се особена новост“. Медведев во блогот го советува својот белоруски колега да се справува со внатрешните проблеми, вклучувајќи го, конечно, и истражувањето на бројните случаи на исчезнувања Руси, како и државјани на други земји.„Се сеќавам дека јас бев изненаден кога на нашата прва билатерална средба, наместо да се фокусира на руско-белоруската соработка, тој  многу детално и исклучиво во негативна конотација почна да зборува за моите претходници на функцијата претседател на Русија -. Борис Елцин и Владимир Путин. Тогаш го потсетив мојот колега дека нашите разговори се за многу поразлични теми“, вели Медведев..Рускиот претседател истакна дека по распадот на Советскиот сојуз поддршката на белоруската економија од страна на Русија била огромна, со оглед на братските односи меѓу двете земји. А само оваа година заради поволната понуда на нафта помошта за Белорусија изнесувала речиси две милијарди долари. Слично стоело, според Медведев, и во поглед на субвенциите за Белорусија на снабдувањето со руски гас.Рускиот претседател набројувајќи ги меѓународните и регионалните организации каде двете соседни држави заеднички соработуваат, вели дека неговата земја останува партнер на Белорусија а „народите и по завршувањето на оваа бесмисленост“ остануваат братски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Руските научници предупредија за појава на силна магнетна бура

Објавено пред

Руските научници предупредија за појава на силна магнетна бура, поради денешниот дополнителен ефект на короналната дупка, која ги преведе набљудуваните параметри на сончевиот ветер во целосно екстремни вредности.

dobivaj vesti na viber

Земјата влезе во плазматскиот тек од короналната дупка во Сонцето, а се очекува пристигнување на два плазма облаци исфрлени од моќни сончеви ерупции, објави денес Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за космички истражувања (IKI) на Руската академија на науките.

Како што претходно изјавија научниците, за Земјата се очекува најсилната геомагнетна бура оваа година и една од најсилните во последните неколку години, пренесува РИА Новости.

„Во исто време, Земјата треба да влезе во зоната на дејствување на големата коронална дупка, како и да го издржи пристигнувањето на два плазма облаци исфрлени за време на големите сончеви ерупции што се случија пред два дена. Судејќи според податоците од копнените и вселенските инструменти, првата точка од денешниот распоред е веќе исполнета“, се наведува на Телеграм каналот на лабораторијата.

Се забележува дека магнетните бури започнале вчера, а денешниот дополнителен ефект на короналната дупка „ги преведе набљудуваните параметри на сончевиот ветер на сосема екстремни вредности“.

Досега, магнетосферата на Земјата реагирала умерено на настаните, објави лабораторијата. Од утрово, магнетните бури се реактивирани и моментално се на пониски и средни нивоа на G1-G2, но најверојатно наскоро ќе се претворат во силни настани од категоријата G3, пренесува Танјуг.

„Во секој случај, сè што се случува е само прелудиум и подготовка на позадината за главниот настан – пристигнувањето на сончевиот плазма облак. Постои голема веројатност дека најбрзите делови од сончевите исфрлања веќе стигнале до Земјата и сега дејствуваат заедно со сончевиот ветер. Главната маса на плазма ќе пристигне во текот на следните 24 часа. Засега не е сосема јасно колку шокови ќе мора да издржи планетата на крајот. Сценариото според кое плазма облаците се споиле во еден на патот, така што границата нема да може да се разликува меѓу нив“, предвидуваат научниците.

Според вработените во лабораторијата, прелиминарното моделирање покажало дека најгустите делови од сончевите ерупции сепак ќе поминат покрај Земјата и дека само нивните надворешни региони ќе влијаат на планетата, пренесува Танјуг.

Во овој случај, геомагнетните бури нема да го надминат нивото четири од можни пет. Доколку проценката е погрешна и Земјата биде погодена од фронтален удар, постои можност бурите да го достигнат највисокото ниво, G5, е наведено во лабораторијата.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Се уморил од грабежот: крадец провалил во стан во Русија, а потоа заспал во него

Објавено пред

Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил.

dobivaj vesti na viber

Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион.

Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости.

„Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ прозорецот во текот на ноќта, со намера да изврши кражба, знаејќи дека сопствениците не се таму. Осомничениот ги спакувал телевизорот и моторната пила во чантите, но, претпоставувајќи дека сопственичката ќе биде отсутна долго време, решил да се одмори и заспал. Сопственичката на куќата го пронашла во таква состојба кога се вратила од работа“, се наведува во извештајот.

Полицијата го привела осомничениот за обид за кражба на станот.

Станува збор за 45-годишен локален жител со претходно криминално досие за кражба и трговија со дрога.

Против него е покрената кривична постапка, а РИА потсетува дека обидот за кражба извршен со нелегално влегување во дом носи казна затвор до шест години.

Како превентивна мерка, на крадецот му е дадена писмена обврска да не го напушта просторот и да се однесува соодветно.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Паника во американската воена база поради сомнителен пакет

Објавено пред

Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN.

Тимовите за итна интервенција реагирале брзо и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.

Неколку лица кои биле во контакт со пакетот, или во негова близина, биле транспортирани во медицинскиот центар во рамките на базата.

Првичниот тест не открил присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.

Сè уште не се познати степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле.

Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа.

Просторијата каде што бил отворен пликот – во зградата каде што се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – е сè уште затворена.

Базата „Ендрус“, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната, меѓу другото, по тоа што се користи за патувања на американскиот претседател, потпретседателот и членовите на кабинетот.

Лидерот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше во базата еден ден пред инцидентот, во средат, пренесуваат светските медиуми.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во глава и оставена покрај пат

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет2 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија2 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион4 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет4 часа

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија4 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија18 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија18 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија20 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ22 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија22 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија22 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија23 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија1 ден

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион1 ден

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија1 ден

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа1 ден

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет1 ден

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа1 ден

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...