Македонија
Овоштарите преку протести се изборија за субвенции

Овоштарите отсега ќе добиваат 43, 700 денари по хектар во вид на субвенции после одлуката што ја донесе владата на 16 минатиот месец како резултат на протестите на
Овоштарите отсега ќе добиваат 43, 700 денари по хектар во вид на субвенции после одлуката што ја донесе владата на 16 минатиот месец како резултат на протестите на јаболко – производителите.
Услов за добивање на субвенцијата ќе биде насадите да не се постари до 15 години и да има најмалку 800 садници во еден хектар.
“Досега се субвенционираа само нови насади но како резултат на случувањата Владата одлучи да се субвенционираат постоечките насади“, вели Илија Србиновски раководител на подрачнотот Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство.
Поседовен лист или договор за закуп, како и пријавување во фарм регистарот во подрачните министерства за земјоделство, водостопанство и шумарство, се потребните за да се аплицира за субвенциите најдоцна до 26 ти овој месец.
Според Србиновски нема да се субвенционира овоштарството во целост, бидејќи ова се однесува само за постоечките насади под јаболко.
“Со сегашното субвенционирање по автоматизам ќе дознаеме колкава површина има под овошни насади но притоа мора да се запази решен имотен статус бидејќи во спротивно податоците нема да бидат точни.“ – дециден е Србиновски.
Инаку во битолскиот регион подигнати овошни, односно јаболкови насади, има во Бистрица, Цапари, Кажани и мала површина во низинскиот дел на Пелагонија./крај/тера/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.