Спорт
ФИФА: 96 отсто од судиските одлуки беа точни
Критиките на сметка судските грешки на судските одлуки дигнаа многу прашина, но ФИФА сепак тврди дека судењето на мундијалот е на високо ниво
„Повеќе од 96 отсто од судиските одлуки на Светското првенство беа точни“, изјави Хосе Мариа Гарсиа Аранда, главен човек на Меѓународната фудбалска федерација задолжен за судењето.Гарсиа-Аранда ја свика денешната прес-конференција за да одговори на обвинувањата за лошото судење и притоа рекол дека тоа на овој мундијал било успешно. Тој го споредил малиот процент на судски грешки од четири отсто со нереализираните пенали кој изнесува дури неверојатни 40 отсто, односно шест промашувања од 15 досудени.Но критиките најмногу беа упатени на недосудениот гол на Лампард на мечот Гемрнаи – Англија 4:1, голот на Тевез од офсајд на мечот Аргентина – Мескико 3:1. Затоа вчера генералниот секретар на ФИФА, Сеп Балтер најави дека во еден дел од судиските одлуки ќе биде воведена современа технологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Победата на Реал во сенка на повредата на Карвахал
Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 во деветотот коло, во Примера. Со овој триумф Реал се изедначи на првото место со Барселона, која утре му гостува на Алавес.
Реал ја потона „жолтата подморноца“ со две торпеда, на Валверде во 14. и Винисиус Жуниор во 73.минута. Виљареал имаше свои шанси кои не ги искористи. Пеп во првото полувреме веднаш по голот на Валверде ја погоди гредата. Во финишот добија пенал, но судијата го поништи откако ВАР покажа дека на пеналот му претходел офсајд.
Интересно Реал на овој натпревар упати само три удари во рамките на голот, два од нив завршија зад грбот на Кунде.
Реал победи, но прашање е колку скапо ја плати победата. Винисиус Жуниор во 78.минута поради повреда на рамото го напушти теренот, а во самиот финиш на натпреварот се повреди и Карвахал, кој мораше да биде изнесен од теренот.
Спорт
(Видео) Три гола на Турам, Интер го победи Торино
Интер го победи Торино с 3:2 во последниот натпревар од саботната програма во Серија А. Интер ја забележа четвртата победа сезонава, а Торно вториот пораз.
Победата на Интер му ја донесе Маркус Турам кој го постигна првиот хет-трик во Серија А. Работата на актуелниот пампион му ја олесни Марипан кој во 20.минута доби црвен картон.
Пет минути подоцна предноста од играч повеќе Интер ја искористи кога Турам го постигна првиот гол. 11.минути подоцна францускиот репрезентативец го постигна вториот гол. Асистент за двата гола беше Бастони.
Само што тргнаа од центарот гостите успеаја да намалат на 2:1 преку Колумбиецот Дуван Запата. По еден час игра Тирам го комплетираше хет-трикот. До крајот на натпреварот, Торино преку Влашиќ од пенал го намали резултатот.
Спорт
(Видео) Јокиќ им одржа говор на играчите на Мега по победата над Дубаи
Дубаи во саботата беше местото за повторното обединување на Никола Јокиќ и клубот во кој за него започна се во неговата кариера.
Кошаркарите на Мега направија мало изненадување, во драматичен натпревар го победија Дубаи со 83:80, а сведок на овој натпревар беше центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец во Емирсти е со Денвер на мини-турнеја во претсезоната, а во „Кока-кола“ арената му се придружија и неговите соиграчи Дарио Шариќ и Влатко Чанчар До Јокиќ седеше првиот човек на Мега, еден од најмоќните менаџери во кошарката, Ражнатовиќ.
По натпреварот Јокиќ во соблекувалната им одржа краток говор на младите играчи на Мега, кои беа воодушевени од присуството на официјално најдобриот играч во НБА лигата.
„Задоволство ми беше да ве гледам, посакувам уште да ја имам таа желба и таа радост што вие ја имавте денес“.
Овој момент КК Мега го сподели на своите социјални мрежи.
“I wish I still had that joy and enthusiasm that you showed today” 😂🩷 pic.twitter.com/aIgM2R6D8I
— KK Mega (@KKMegaBasket) October 5, 2024