Спорт
Голем европски параглајдерски натпреввар во Крушево

Од понеделник до петок во Крушево ќе се одржат натрпевари за PrePWC Украина опен, Македонија опен и Националната лига на Србија
Станува збор за досега најголемиот одржан натпревар во Македонија во овој се’ попопуларен и резултатски поуспешен спорт во нашава земја. Убавините на Крушево и особено неговите идеални услови за овој спорт беа причина токму овдека оваа недела да се одржува еден вака престижен натпревар од највисока категорија.Потврда за високиот квалитет на PRE PWC 2009 се стотината натпреварувачи од 17 држави: Македонија, Украина, Бугарија, Србија, Австралија, Германија, Финска, Израел, Индија, Италија, Ј.Кореја, Казахстан, Нов Зеланд, Полска, Романија, Русија и Словенија, меѓу кои и моментно најдобриот во оваа дисциплина-бугаринот Јасен Савов. Покрај во генералниот пласман за ПРЕ ПЊЦ 2009, резултатите од петте натпреварувачки дена ќе се бодуваат и посебно за Украиниан Опен 2009 и националната лига на Србија како и за Македонија Опен-Крушево 2009.Технички организатори на натпреварот се украинскиот клуб Неар Бирдс и Параглајдинг клубот „Делта” од Прилеп со подршка на Воздухопловната федерација на Македонија и голема логистика на АРМ. Карактеристично за овој натпревар, покрај неговиот висок квалитет, е што првпат организаторите ангажираа и за безбедноста на натпреварувачите ќе се грижи Единицата за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст. Од понеделник до петок предвидени се пет воздушни трки со полетувања од Крушево (Мечкин Камен) до различни зададени коти со старт во 12 часот. Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите е во петок 31-ви јули во 18 часот во хотел Монтана. Доколку ова натпреваување добие преодна отцена од ФАИ, во што организаторите воопшто не се сомневаат, догодина Македонија и Крушево ќе бидат домаќини на еден од 3-те Светски купови што се одржуваат во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пикси мора да ја победи Албанија ако сака да остане селектор

Драган Стојковиќ Пикси нема да добие отказ по дебаклот против Англија во квалификациите за СП. Србија загуби со 0:5 во Белград, што предизвика негодување кај навивачите и спортската јавност, поради тактиката и изборит на играчите за дуелот со Англичаните.
„Натпреварот со Англија беше разочарувачки, не само по резултатот (0:5), туку и по сè што беше прикажано. Сега, за само три недели, имаме собир за најважниот натпревар во квалификациите, за натпреварот со Албанија, кој директно ќе одлучи кој ќе оди во плејофот за Светското првенство. Тој натпревар е наш апсолутен приоритет во моментов. Имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови, во сериозни лиги, порано ја правеа нацијата среќна и верувам дека можат да го сторат тоа и овој пат.
Што се однесува до тренерот Драган Стојковиќ, имаме јасни очекувања од него, а тоа е нашата репрезентација да игра на највисоко можно ниво со јасна победничка амбиција, од првата до последната минута. По тој натпревар, телата на Федерацијата и Извршниот одбор ќе ги разгледаат извештаите на спортскиот сектор за претходниот период и соодветно ќе донесат одлуки во доменот на нивната надлежност“, рече генералниот секретар на ФСС, Бранко Радуљко.
Во квалификациската група за Светското првенство, Србија е на третото место со седум бода од четири натпревари. Заостанува зад Англија, која има максимални 15 бода, и Албанија со осум бода од пет натпревари.
Екипата на Пикси ќе го игра својот следен натпревар на 11 октомври против Албанија, а три дена подоцна ќе гостува кај Андора.
Спорт
Мело за Де Бур: Никој не можеше да го поднесе

Поранешниот фудбалер на Интер, Фелипе Мело (42), жестоко го нападна својот поранешен тренер Франк де Бур (55).Бразилецот рече дека „никогаш не го разбирал фдбалот“ и дека „никој во соблекувалната не можел да го поднесе“.
Де Бур го презеде Интер во сезоната 2016/17, но беше отпуштен по само 14 натпревари. Мело одигра само четири натпревари под негово водство и, како што вели, има лоши спомени од тој период.
„Тој никогаш ништо не разбирал за фудбалот. Тој едноставно не е способен“, изјави Мело во интервју за „Газета дело Спорт“.
„Тој дури зборуваше лошо за Габигол, нарекувајќи го Габи-без гол. Тој не знаеше италијански, а никој во соблекувалната не можеше да го поднесе. На крајот на краиштата, тој издржа три месеци, а потоа продолжи да предизвикува катастрофи насекаде. Фала му на Бога што Пиоли дојде таа година.“
По Интер, Де Бур ги водеше Кристал Палас, Атланта Јунајтед, холандската репрезентација и Ал Џазира, но никаде не успеа долго да се задржи.
Фелипе Мело одигра вкупно 38 натпревари за Интер, постига еден гол. Во Серија А, тој играше и за Јувентус и Фиорентина.
Спорт
Челси се соочува со 74 обвиненија за недозволени исптати на менаџери

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини Челзи за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања на менаџери помеѓу 2009 и 2022 година. Обвиненијата првенствено се однесуваат на настани што се случиле помеѓу сезоните 2010/11 и 2015/16.
Наводните прекршувања се однесуваат на менаџери, посредници и инвестиции од трети страни во играчи, а клубот има рок до 19 септември да одговори.
Рускиот олигарх Роман Абрамович го контролираше клубот од 2003 до 2022 година. Минатата година, тој го продаде клубот на конзорциум предводен од американскиот инвеститор Тод Бејли и приватната инвестициска фирма „Клирлејк Капитал“.
„За време на темелен процес на длабинска анализа пред да се заврши купувањето, групата сопственици стана свесна за потенцијално нецелосни финансиски извештаи во врска со претходните трансакции и други потенцијални прекршувања на правилата на ФА“, се вели во соопштението на Челзи.
„Веднаш по завршувањето на купувањето, клубот независно ги пријави овие прашања до сите релевантни регулатори, вклучително и Фудбалската асоцијација. Клубот покажа невидена транспарентност во текот на целиот овој процес, вклучително и давање сеопфатен пристап до досиејата и историските податоци на клубот.“
Самата истрага ќе покаже колку сето ова ќе му помогне на клубот.