Македонија
Охридско езеро поплави делови од крајбрежјето
Поради зголеменото ниво на Охридското езеро помали мостови, природни патеки и други делови од крајбрежјето во центарот на градот се под вода. Езерото, како што јавува Охрид њуз, го прекри малиот мост кај некогашен „Југ“, а од него се гледаат само светилките.
Поради зголеменото ниво на Охридското езеро помали мостови, природни патеки и други делови од крајбрежјето во центарот на градот се под вода. Езерото, како што јавува Охрид њуз, го прекри малиот мост кај некогашен „Југ“, а од него се гледаат само светилките. По обилните врнежи деновиве нивото на Охридското Езеро се покачи на 693, 86 метри надморска височина, што е за 11 сантиметри над максималната кота утврдена со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија. Засега не е забележано излевање на водата од Езерото, а надлежните информираат дека во реката Дрим се испуштаат 50 метри кубни вода во секунда и дека состојбата не е критична. Од локалната самоуправа велат дека ситуацијата будно се следи во координација со надлежните институции. /крај/охридњуз/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

