Свет
Над 40 загинати и 170 ранети во експлозиите во Дамаск
Во двата бомбашки напада од четвртокот наутро во сириската престолнина Дамаск, според последните информации загинале најмалку 40 лица а ранети се повеќе до 170, јавува Reuters повикувајќи се на сириската државна телевизија Al-Akhbar.
Повеќето од жртвите се цивили. Претходно беше соопштено дека има 24 загинати и 70 повредени.
Во четвртокот наутро во близина на автопатот што води кон меѓународниот аеродром крај Дамаск, одекнаа две моќни експлозии, по коишто според сириската новинска агенција SANA се развила престрелка. Целта на нападите коишто сириските власти ги квалификуваа како терористички операции, бил комплекс на сириските разузнавачки служби. Меѓутоа, според агенцијата, експлозиите се случиле во периодот на сообраќајниот шпиц, кога жителите одат на работа или на училиште.
Претставник на опозицискиот Сириски национален совет, Самир Нашар, за AFP изјави дека нападите биле конструкција на режимот на претседателот Башар ал-Асад, кој на тој начин има намера да се „заплашат меѓународните набљудувачи и да се потврдат тврдењата дека во земјата делуваат групации на Ал Каеда“.
Кинеската агенција Синхуа, цитирајќи извори блиски до истрагата за нападите, пренесува дека експлозиите се изведени од бомбаши-самоубијци, кои ги управувале двата автомобила-бомби.
Набргу по експлозиите на местото на нападите пристигна шефот на набљудувачката мисија на ОН, норвешкиот генерал-мајор Роберт Муд, кој изрази искрено сочувство до сирискиот народ и семејствата на жртвите.
Генералот Муд, во изјавата за медиумите дадена на местото на двете експлозии, ги повика сите оние кои стојат зад овие експлозии, без разлика дали се од Сирија или од странство, „да сфатат дека ваквите експлозии единствено предизвикуваат повеќе страдање за Сиријците и дека треба да престанат со овие грозни дела и на Сиријците да им дадат шанса да продолжат во правец на мирот без притоа да страдаат невини луѓе“, пренесува агенцијата SANA.
Во Сирија, веќе 14 месеци продолжуваат судирите коишто избувнаа по анти-владините протести од ланскиот февруари инспирирани од ткн Арапска пролет, кога со народни бунтови беа соборени повеќе децениски режими во арапскиот свет. Секојдневни се извештаите за убиства на цивили и униформирани лица. Според податоците на Обединетите нации од пред речиси два месеца, вкупниот број жртви во конфликтот надмина девет илјади луѓе. Сириските власти во истиот период соопштија дека „во судирите со вооружените опозиција се убиени околу 3.200 цивили и повеќе од 2.500 припадници на безбедносните сили кои се напаѓани од добро вооружени милитанти оркестрирани од странство“.
Во моментов, во земјата како дел од мировниот план на специјалниот пратеник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, треба да се спроведува прекинот на огнот. На 15-ти април во Сирија пристигна првата група воени невооружени набљудувачи со мандат од ОН коишто треба да со следат почитувањето на договорот за прекин на огнот договор од свете спротиставени страни. Советот за безбедност на ОН, на 21-ви април едногласно одобри во Сирија да бидат испратени 300 набљудувачи коишто ќе го следата почитувањето и спроведување на мировниот план од шест точки на Анан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

