Свет
Подигнати обвиненија против вдовиците на Бин Ладен
Властите во Пакистан покренаа обвиненија против трите вдовици на екс-лидерот на терористичката мрежа „Ал Каеда“, Осама бин Ладен, поради нелегален влез во земјата, информираат од Министерството за внатрешни работи во Исламабад.
Властите во Пакистан покренаа обвиненија против трите вдовици на екс-лидерот на терористичката мрежа „Ал Каеда“, Осама бин Ладен, поради нелегален влез во земјата, информираат од Министерството за внатрешни работи во Исламабад.
Поранешниот раководител на мрежата беше убиен во мај минатата година во операција на американските командоси во градот Аботабад. Трите жени фигурираат во листата на 16-те уапсени во операцијата.
Министерот за внатрешни работи Рехман Малик повлекува дека вдовиците се задржани „основано и законски“. Две од нив се државјани на Саудиска Арабија, додека третата е од Јемен.
Малик не посочи каде се притворени жените, ниту колкава казна може да добијат за прекршокот. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

