Свет
Израелски напад врз појасот Газа, 12 мртви
Бројот на загинати Палестинци, по серијата воздушни напади врз појасот Газа, се искачи на 12, додека 20 се ранети, соопштија медицински извори.
Бројот на загинати Палестинци, по серијата воздушни напади врз појасот Газа, се искачи на 12, додека 20 се ранети, соопштија медицински извори. Серијата на воздушни напади од страна на Израел, е одговор на нападот на палстинските екстремисти, кои испукале десетина ракети на израелска териотрија. Во овие напади беа ранети четири лица, од кои едно се наоѓа во животна опасност. Нападот на палестинските екстремисти беше одговор на израелскиот воздушен удар, во кој во петокот загина лидерот на Народните комитети на отпорот (НКО), Зухир ал-Каиси, за кого се веруваше дека планира голем терористички напад врз јужната израелска граница. НКО е коалиција на палестинските екстремистички организации, лојални на Хамас, кој владее со појасот Газа, но понекогаш изведуваат самостојни операции. Ал-Каиси, според израелски воени извори, бил организатор на нападот, во август минатата година, кога на автопатот, кој води кон границата со Египет, беа убиени осуммина Израелци. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.