Спорт
Формула Еден: Фетел победник на Големата награда на Сингапур
Актуелниот светски првак во Формула Еден и возач на Red Bull, Себастијан Фетел победи денеска на трката за Големата награда на Сингапур, на патеката Марина беј.
Актуелниот светски првак во Формула Еден и возач на Red Bull, Себастијан Фетел победи денеска на трката за Големата награда на Сингапур, на патеката Марина беј.
Фетел тргна од пол позицијата и беше на првото место во текот на целата трка, додека за помалку од две секунди по него низ целта мина возачот на „Мекларен“, Џонсон Батон, а трет беше клубскиот колега на Фетел, Марк Вебер.
Фетел со оваа победа нема да ја обезбеди шампионската титула, а единствен кој се уште може да го загрози е Британецот Батон и тоа само ако Фетел до крајот на сезоната не освои ниту еден бод, а Британецот да триумфира на сите трки.
Во дванаесеттиот круг на излезот од боксот се судрија Луис Хамилтон од „Мекларен“ и возачот на „Ферари“, Фелипе Маса, по што и двајцата мораа да се вратат назад во боксот.
Хамилтон имаше многу проблеми уште од почетокот на трката, но со упорно возење успеа да се врати и на крајот да го заземе петтото место, додека Меса заврши десетти.
Заради судар во 32-от круг, трката мораше да ја напушти возачот на „Мерцедес“, Михаел Шумахер, а на патеката излезе и возилото за безбедност. Трката продолжи во 36-от круг, а Фетел и натаму беше во водство. Веднаш зад него беше Батон, кој кон крајот на трката успеа водството на Фетел да го намали на помалку од две секунди, но не успеа да го претрка Фетел.
Фернандо Алонсо трката ја заврши на четвртото место, Хамилтон на петтото, а добар резултат постигна и пилотот на Force India, Пол Диреста, кој беше шести. /крај/бета/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

