Свет
Бунтовниците го нападнаа последното упориште на силите на Гадафи

Либиските бунтовници ноќеска тргнаа во офанзива на градот Бани Валид, со цел да го презедат едно од последните упоришта на силите на Моамер Гадафи.
Либиските бунтовници ноќеска тргнаа во офанзива на градот Бани Валид, со цел да го презедат едно од последните упоришта на силите на Моамер Гадафи.Борбите се водат од рано изутрината, иако Преодниот национален совет им даде рок до приврзениците на режимот до 10 септември да го положат оружјето.Еден од претставниците на советот, Махмуд Абдел Азиз соопшти дека силите на бунтовниците се на десетина километри од Бани Валид и дека се подготвени да влезат во градот. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара во четврток на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, додека во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да започнат преговорите.
Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот Есенбога во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.
Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин, предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.
Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.
Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.
Американскиот претседател моментално е на турнеја низ Блискиот Исток, а во четврток изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.
Регион
Конститутивната седница на Собранието на Косово одложена по 16. пат

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес беше одложена по шеснаесетти пат, откако повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на Собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање на комисија која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи во сабота, 17 мај, во 10:30 часот.
Самоопределување, исто така, побара тајно гласање за претседател на Собранието на последните шест седници, но опозициските Демократска лига на Косово, Демократска партија на Косово и Алијанса за иднината на Косово, како и Српска листа, се против тоа, одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на Собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, додека за избор на претседател на Собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на Собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница започна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари, ниту една партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово 24, Демократската лига на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок еден, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.
Свет
Зеленски: Нивото на составот на руската делегација е декоративно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул.
По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател, пренесува Ројтерс.
Во таа прилика, тој го оцени нивото на состав на руската делегација испратена во Турција на разговори како „декоративно“.
Украинскиот претседател треба да се сретне со Ердоган во 12 часот, јавува Ројтерс.
Зеленски, исто така, рече дека пред сè, сака да му се заблагодари на Ердоган за организирањето на таа средба, „за можноста за директни разговори во Анкара“, .
За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот, за кои не е прецизирано кога ќе започнат, а кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Танјуг.
Иако во медиумите се шпекулираше дека можеби Путин лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека во руската делегација ќе учествуваат помошници и заменик-министри, додека неа ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.