Надворешна политика
HRW: Барателите на азил се заглавени на грчко-македонската граница
Рестрикциите врз основа на национална припадност, на границата меѓу Грција и Македонија ги спречуваат барателите на азил да стигнат до земјите каде што сакаат да ги достават своите барања, изјавија во четвртокот од Human Rights Watch.
Според оваа организација, барателите на азил се враќаат на места каде што нема соодветни услови, наместо да бидат обезбедени во бегалските кампови обезбедени од страна на хуманитарните агенции. Во неможност легално да преминат, многу од луѓето се обидуваат нелегално да ја преминат границата, при што се соочуваат со насилство од страна на македонските чувари, велат од HRW.
HRW додаваат дека при една ваква состојба, криминалците кои се бават со шверц на бело робје ги искористуваат мигрантите и бегалците кои се заглавени на границата во Грција.
„Неуспехот на Европската унија да ја реши бегалската криза на еден фер и одговорен начин доведе до големи рестрикции на границите, со што мигрантите и бегалците се соочуваат со огромни ризици од злоупотреба и експлоатација“, изјавил Питер Букарт, директор во Human Right Watch.
Грчките власти не им дозволуваат на барателите на азил да преминат на македонската граница доколу не се Сиријци, Ирачани и Авганистанци, кои имаат намера да побараат азил во Германија и Австрија.
Македонија, Србија и Хрватска во ноември минатата година почнаа да го ограничуваат преминувањето преку нивните граници, дозволувајќи само баратели на азил од Сирија, Ирак и Авганистан. Ова беше направено по одлуката на Словенија да не дозволи влзе во земјата на баратели на азил и мигранти од останатите земји како Иран, Еритреја, Сомалија, Либија, Пакистан, Мароко и Алжир. На 21-ви јануари пак, македонските власти додадоа и уште едно барање, а тоа е да им дозлат влез во земјата само на оние баратели на азил од Сирија, Ирак и Авганистан кои имаат намера да патуваат во Германија и Австрија, додаваат од HRW./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.