Спорт
Контадор и Шлек возеа туристички во 10. етапа

Енди Шлек и Алберто Контадор сакаат да ја сочуваат силата за финишот на Тур Д Франс. Како инаку би се објаснило нивното „рекреативно„ возење во 10 етапа.
Енди Шлек и Алберто Контадор сакаат да ја сочуваат силата за финишот на Тур Д Франс. Како инаку би се објаснило нивното „рекреативно„ возење во 10 етапа. Тие заедно со третопласираниот во генералниот пласман Самуел Санчез на целта стигнаа цели 14 минути зад победникот, така што разликата од 40 секунди меѓу Шлек и Контадор останува непроменета. На 179 километри долгата етапа од Шамбери до Гап победи Серџо Паулињо од ТимШак кој во спринтот беше побрз од Белорусинот Васил Кириенка. Тие двајца заедно со уште четири возачи во раната фаза се одвоија и никој не се обиде да ги стигне. Серџо Паулињо е инаку носител на сребрен медал од Олимпијадата во 2004 година и по завршувањето на етапата изјави дека за една ваква победа на Тур Д Франс сонувал уште како дете. Денешната 11 етапа е долга 184,5 километри од Систерон до Бург Ле Валенс, а утре следува осредна планинска етапа, и се чини дека и во двете овие етапи Шлек и Контадор ќе возат резервирано штедејќи се за последните етапи кога ќе започнат да се искачуваат на Пиринеите.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“
Спорт
„Дејли мејл“: Ѓоковиќ ги запишал своите деца на училиште во Грција, заминува од Србија

Новак Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватно училиште во Грција, а неговото семејство започнува нов живот во оваа земја, по извештаите дека бил цел на српската влада поради поддршка на студентските протести, пишува „Дејли Мејл“.
Освојувачот на 24 Гренд Слем титули, кој долго време се сметаше за национален херој, се соочи со остри критики во последните месеци од медиумите лојални на претседателот Александар Вучиќ откако изрази солидарност со демонстрантите.
Протестите избувнаа во ноември минатата година по уривањето на надрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во несреќата загинаа 16 лица. Студентите ја обвинија коруптивните активности на владата се причина за несреќата и побараа политички промени.
Ѓоковиќ ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи, кога напиша: „Како некој што длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се чуе. Србија има огромен потенцијал, а нејзината образована младина е нејзината најголема сила. Она што ни треба на сите е разбирање и почит. Со вас, Новак.“
Подоцна, тој ја посвети својата победа на Австралија Опен на студентка која брутално беше претепана од активисти на владејачката партија, на кошаркарски натпревар во Белград носеше маица со натпис „студентите се шампиони“, а сподели и слики од масовните протести со коментар „Историја, неверојатно“.
Српските таблоиди одговорија нарекувајќи го „лажен патриот“ и го обвинија дека ја поддржува таканаречената „обоена револуција“.
Според порталот „Тенис24“, Ѓоковиќ сега ги запишал својот 11-годишен син Стефан и осумгодишната ќерка Тара во колеџот Сент Лоренс, британско независно училиште во Атина, и нашол постојан дом во јужните предградија на градот.
Вчера, тој беше виден во тенискиот клуб Кавури, каде што играше со својот син во апостолки и им позираше на фото репортерите, и наводно размислува за полноправно членство во тој клуб или во клубот „91 Athens Riviera“.
Гласни се и шпекулациите дека Ѓоковиќ ќе аплицира за грчка „Златна виза“, која дава престој во замена за инвестиции. Тој веќе двапати се сретнал со премиерот Киријакос Мицотакис, последниот пат на островот Тинос.
Иако српскиот претседател се обиде да ги смири тензиите, инсистирајќи дека никогаш нема да зборува лошо за Ѓоковиќ, промената во домашните извештаи означува остар пресврт за тенисерот кој некогаш беше идолизиран во својата татковина.
Foto/ epa
Спорт
Евролигата донесе одлука, Ф4 ќе се игра во Атина

Екипите од Евролигата одлучија завршниот турнир во 2026 година да се одржи во Атина, објавуваат грчките медиуми.
Со осум гласа „за“ и три „против“, екипите во натпреварувањето одлучија полуфиналната фаза и финалето да се одржат во Атина. Главниот град на Грција беше голем фаворит, и покрај обидот на Србите да го организираат настанот во Белград.
На крајот, беше донесена одлука завршниот турнир да се одржи од 22 до 24 мај наредната година.
Ова ќе биде четвртиот Фајнал Фор што Грција ќе го организира, бидејќи во 2000 година се одржа во Солун, во 1993 година во Пиреја, а во 2007 година исто така во Атина, во ОАКА Арената.