Македонија
Македонија на 79-то место според конкурентност

Македонија го подобри своето рангирање во годинешниот извештај за светска конкурентност за 2010/11 г. i се наоѓа на 79 место меѓу 139 држави, додека минатата година беше на 84 место.
Македонија го подобри своето рангирање во годинешниот извештај за светска конкурентност за 2010/11 г. i се наоѓа на 79 место меѓу 139 држави, додека минатата година беше на 84 место.
Од земјите од поранешна Југославија со кои најчесто се споредува Македонија, најдобра позиција има Словенија на 45 место, и покрај тоа што минатата година беше 37. Полош од минатогодишниот е и рејтингот на Србија која од 93 место сега е на 96, Хрватска од 72 место лани сега е на 77., а Босна и Херцеговина од 102 сега е на 109 место. Притоа се забележува дека покрај Македонија напредок е направен и во рангирањето на Црна Гора која е најдобро пласирана од земјите од регионот и е на 49. место а минатата година беше 62.
Втора земја по конкурентност во светски рамки е Шведска, трет е Сингапур а на четвртото место се САД. Минатата година азискиот град-држава беше на трето, а Шведска на петто место.
Во најновиот извештај Германија е на петто место, додека лани беше седма по конкурентност, а Јапонија од минатогодишното шесто сега е на осмо место.
Финска го зазема седмото место, Данска е деветта, а Канада, на рејтингот на СЕФ, е на десетто место.
Меѓу големите економии, Кина е на 27 место по конкурентност односно се искачи за две места во споредба со мината година, додека Русија од 63. место лани сега е на 51. место, а Украина која минатата година беше на 82. сега е на 89 место по конкурентност.
Рангирањето е објавено врз основа на Глобалниот индекс на конкурентност, при што се земени различни индикатори за инвестициската клима за 139 земји во светот.
Светскиот економски форум е со седиште во Женева го објави извештајот пред состанокот што идната седмица ќе се одржи во Тјанџин, во близина на Пекинг./крај/фо/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бендевска: Штабовите на СДСМ се како археолошки напуштени музеи

Штабовите на СДСМ се како археолошки напуштени музеи, изјави потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска. Таа побара од СДСМ да стави редари пред нивните општински штабови.
„Итно поставете редари пред вашите општински штабови. Не заради безбедност, туку за да може некако да се среди „хаосот“ од гужвите кои настанале откако, наводно, членство на ЗНАМ масовно се враќало кај вас, според ваше тврдење. Разбираме дека СДСМ влегува во фаза на политичко самозалажување – позната и како фаза на „предизборна фантазија“ – ама барем синхронизирајте го политичкиот маркетинг со реалноста на терен. Ако тврдите дека членовите на ЗНАМ се враќаат кај вас, тогаш зошто сите ваши штабови низ државата изгледаат како музеи на политичка археоплогија – затворени, запрашени, заборавени?“, праша Бендевска.
Таа покажа фотографиио од штабови на СДСМ во повеќе градови на државата каде, како што рече. се забележува дека со месеци нема активност, обраснато во трева, нечисто.
„Членството на ЗНАМ е стабилно, мотивирано и решено да изградиме нов политички субјект, кој за разлика од СДСМ ќе функционира чесно и ефикасно. Со почит кон секого и одговорност за секого. Движењето ЗНАМ е тука – со луѓе со идеи, со визија. Се бориме за промени, а не за фотељи. За систем кој работи исклучиво во корист на граѓаните. Се бориме за нов политички модел, за нова култура на одговорност и резултати. Враќањето назад во системот на СДСМ, кој го девалвираше достоинството на граѓанинот и тргуваше со националните интереси, со што ја потроши довербата на народот за членството на Движењето ЗНАМ, не е опција“, рече таа.
На прашањето како ја оценува владината коалиција, откако премиерот Мицковски најави дека Таравари си заминува од владата, потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, рече:
„Премиерот Мицковски вчера го соопшти својот став, но Движење ЗНАМ – За наша Македонија во неколку наврати го кажуваше својот став. За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со ова нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и во својата предизборна програма говореше за итна потреба од дедуизација на општеството. Под ДУИ-зација подрабираме не албанофобија, туку напротив, ДУИ-зацијата значеше систем на коруптивно и криминално владеење. Систем кој го разори институционалниот систем“.
Запрашана каква е комуникацијата со пратениците од Алијансата на Таравари, и дали има најави дека можеби некои ќе останат со мнозинството, Бендевска одговори:
„Не присуствуваа на координацијата членовите на Алијанса за Албанците и навистина ќе е неодговорно да тврдам што ќе се случи со пратеници“.
Македонија
Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како и знамињата на заедниците во земјата. Бараат да се формира инспекторат оти секојдневно сме сведоци на непочитување на државните симболи, особено за време на јавни прослави, спортски манифестации, па дури и официјални церемонии. Левицата вели дека симболите неправилно и дури и навредливо се употребуваат или, пак, ги нема онаму каде што законот пропишува дека треба да ги има. Решение гледаат во формирање инспекторат, чии инспектори ќе може да влезат и во канцелариите во кои ги има сите други знамиња од светот, освен македонското.
„МВР, генерално, реагира на сквернавење на државните симболи, но дали МВР влегува во канцелариите на градоначалниците во кои нема македонско знаме? Дали МВР влегува во канцеларии во кои имаме американско, француско, германско, сите знамиња на светот, само не македонското. Дали МВР реагира во тој случај? Не. Затоа треба инспекторат што ќе ја следи доследната примена на оваа материја и затоа сметаме дека со ова само ќе се дополни и ќе се пополни правниот вакуум, кој веќе постои“, вели пратеникот Амар Мециновиќ.
Формирањето инспекторат за државните симболи Мециновиќ смета дека е само пополнување на досегашниот правен вакуум.
„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и државниот грб, но овој Закон нема орган што го спроведува. Исто така, постои Закон за знамињата на заедниците и тој пропишува глоби, но нема институција што ги изрекува тие глоби. Практично, имаме мртво слово на хартија. Овој закон има цел да го исполни овој правен вакуум. Со него се превидува формирање инспекторат во рамките на Министерството за правда, со јасно дефинирани надлежности, процедура за инспекциски надзор и прекршочни мерки. Инспекторатот ќе има капацитет да врши надзор и над институции и над правни и физички лица, а ќе постои и можност граѓаните да поднесуваат инцијативи до него“, рече пратеникот Мециновиќ.
Предлог-законот за формирање инспекторат што ќе поднесат во Собранието од Левицата сметаат дека е суштински бидејќи конечно дава механизам за спроведување на веќе постојните закони и законска материја оти сега имаме законска материја за која нема инспекторат што ќе го следи нејзиното имплементирање и ќе казнува.
Очекуваат широка поддршка од парламентарните групи затоа што не се работи за политики калкулации, туку се работи за пополнување вакуум и враќање на достоинството на државните симболи по долго време нивно непочитување.
„Симболите на една држава не се декоративни елементи, ти се израз на суверенитетот, идентитетот и на колективната меморија на граѓаните кои заедно ја чувствуваат. Овој закон треба да ги зацврсти правната сигурност и еднаквоста на сите граѓани пред правниот поредок“, рече Мециновиќ.
Левицата смета дека сегашното непочитување на државните симболи партијата го нарушува достоинството на државата и на граѓаните.
Македонија
Градскиот парк личи на џунгла, велат од ЛДП

Обраснати грмушки, неискосена трева, запуштени езерца, неискастрени дрвја и расфрлани отпадоци – ова е сликата која ги пречекува скопјани секој ден кога ќе одлучат да го посетат Градскиот парк во Скопје, велат од Градска организација ЛДП Скопје.
„Неспособноста не само на актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, туку и на целото градско раководство, уште еднаш излегува на површина со несреќната состојба во која се наоѓа Градскиот парк во пролет, кога и е најпосетен.
Наместо простор за одмор и рекреација на граѓаните, од кои голем дел се родители со бебешки колички и мали деца, најголемиот парк во градот е оставен обраснат со треви и потсетува повеќе на џунгла, отколку на современ „градски парк“.
Градската организација ЛДП Скопје во континуитет потсетува и алармира на пропустите во работењето на актуелното градско раководство, без разлика дали станува збор за степенот на нехигиена, поморот на животни Зоолошката градина или севкупно, генералната состојба во која се наоѓа Скопје.
Неспособноста и неработењето на градското раководство во Скопје се аргумент плус во насока на предлогот за враќање на одредбата за референдумско отповикување на градоначалници, предлог кој Либерално-демократската партија активно го застапува преку јавни настапи и учества и организација на панел дискусии и трибини во повеќе градови во државата. Измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура, предвидуваат воведување на механизмот за отповикување на градоначалник, по што веќе нема да има законски заштитени функционери, без одговорност и отчетност пред своите гласачи.
Го повикуваме Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“, како надлежни за одржувањето на Градскиот парк, во најбрз можен рок да го искосат обраснатото зеленило и да им овозможат пријатен и нормален престој на сите посетители во паркот“, се вели во соопштението на ЛДП.