Спорт
ЕП во пливање: Чех и Ефтимова со рекорди на шампионатите
Унгарецот Ласло Чех го обележа третиот натпреварувачки ден на ЕП во пливање, чии домаќин е Будимпешта.
Унгарецот Ласло Чех го обележа третиот натпреварувачки ден на ЕП во пливање, чии домаќин е Будимпешта. Пред домашната публика, Чех го освои златниот медал на трката на 200 метри мешано со време од една минута, 57 секунди и 53 стотинки, поставувајќи нов европски рекорд. Второто место го освои Маркус Роган од Австрија, до бронзата стигна Џо Ребак од Велика Британија. Германецот, Пол Бидерман по поразот на 400 метри слободен стил, стигна до златниот медал на двојно пократката делница. Медали на трката на 200 метри слободно освоија уште Никита Либионцев од Русија и Себастијан Вершурен од Холандија. На најдолгата трка, на 1.500 метри, прв до целта доплива Себастијан Руо од Франција, сребрениот медал му припадна на Пал Јоансен од Фарските острови, бронзата ја освои Самјуел Пицети од Италија. Кај дамите, на програмата беа две финални трки. Франческа Холсол од Велика Британија победи на трката на 100 метри слободно, второто место го освои Александра Херасименија од Белорусија, третата позиција и припадна на Фемке Хемскерк од Холандија. Русинката, Јулија Ефтимова победи на трката на 100 метри градно, нејзиното време од една минута, шест секунди и 32 стотинки, преставува нов европски рекорд. Покрај Ефтимова место на пиедесталот обезбедија, Мелер Рике Педерсен од Данска и Џени Јохансон од Шведска.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

