Свет
Карлос Шакалот е одговорен за убиства на 1.500 до 2.000 луѓе
Венецуелецот познат едноставно како Карлос Шакалот кому во понеделник повторно ќе му се суди во Франција, првпат имплицитно ја призна својата одговорност за повеќе од стотина напади во кои се убиени меѓу 1.500 и 2.000 луѓе
Венецуелецот познат едноставно како Карлос Шакалот кому во понеделник повторно ќе му се суди во Франција, првпат имплицитно ја призна својата одговорност за повеќе од стотина напади во кои се убиени меѓу 1.500 и 2.000 луѓе, во разговор кој во неделата беше објaвен во весник во Каракас, пренесува AFP. Одговарајќи на прашање поставено од новинарот на венецуелскиот дневен весник El National во врска со цивилните жртви во нападите извршени под негова команда, сега 62-годишниот Илич Рамирез Санчез со герилскиот прекар Карлос, вели дека имало „многу малку“.„Пресметав дека би можело да станува збор за околу 10 отсто цивилни жертви. Од 1.500 до 2.000 мртви немаше повеќе од 200 цивили“, одговара Карлос во телефонското интервју за венецуелскиот весник .Главните терористички напади за кои е обвинет Карлос како организатор и директен извршител се случувале во десетгодишниот период од 1973 до почетокот на 1984 година и во нив загинале најмалку 20 лица, но тој е осомничен за многу поголем број смртоносни напади во кои загинале многу поголем број луѓе.Венецуелецот Карлос за весникот од неговата татковина изјавил дека „координирал“ повеќе од стотина напади коишто биле „добро изведени“, според неговата формулација, несакајќи да даде други детали. Убеден дека ќе биде ослободен од обвинението, Карлос вели дека ќе и’ се придружи на владата на Уго Чавез за да му помогне „да ја одбрани со оружје“.Во ноември 2009, на собир на левичарските партии од целиот свет претседателот на Венецуела Уго Чавез го прогласи Карлос за револуционер, обвинувајќи ги француските служби дека го киднапирале и тајно го префрлиле во Париз каде „неправедно“ е осуден. Каролс којшто е во затвор од 1994 годин в о 1997 година е осуден на доживотен затвор поради убиството на двајца полицајци и доушник во Париз во 1975 година. арлос во 1997 г. беше осуден за убиство на двајца припадници на француската разузнавачка служба и на еден либански доушник во 1975 г. во париската четврт – Латински кварт.Судењето на Илич Рамирез Карлос ќе трае од понеделник 7-ми ноември до 16-ти декември пред специјален суд за најтешки кривични дела, за атентати извршени во Франција во периодот меѓу 1982 и 1983 година. Карлос Шакалот е исто така осомничен и за нападот од 2-ри август 1980 година кога во чекалницата на железничката станица во италијанскиот град Болоња експлодирала бомба од која загинаа 85 луѓе а повеќе од 200 биле ранети, што беше најкрвавиот атентат извршен во приодот кога Италија е потресувана од многу атентати од екстремите левичарски и десничарски организации.За овој напад двајца италијански ултрадесничари се осудени на доживотен затвор, а третиот кој во тоа време бил малолетен е осуден на 30 години затвор. Покрај нив, на помали затворски казни до седум до десет години се осудени повеќе лица меѓу кои и припадници на военото разузнавање кои биле обвинети за попречување на истрагата.Семејствата на жртвите и дел од италијанската јавност сé уште сметаат дека осудените се само извршители, но дека нарачателите никогаш не се казнети. Покрај италијанските десничарски терористички групи од 1970. и 1980-те, ако можни сторители на масакрот се споменувани и Палестинци, Либијци, Либанци и еден од најпознатите светски левичарски терористи Илич Рамирез Санчез попознат како Карлос Шакал.Рамирез беше грабнат во болничка соба во Судан во 1994 г. од страна на француски агенти во содејство со врвот од CIA и во вреќа со таен лет бил пренесен до Париз. Сега, по собирање докази, му се суди и за атентати извршени во Франција во 1982 и 1983 г.По еден од неговите многубројни прекари е снимен акционо-криминалистичкиот серијал „Шакалот“.Карлос е роден во 12 октомври 1949 година во главниот венецуелски град Каракас, во семејството на Алтаграсија Рамирез, богат адвокат со марксистичка идеологија, кој на двата сина им дава имиња по водачот на советската Октомвриска револуција, Владимир Илич Ленин.Рамирез по неговото протерување од московскиот универзитет „Патрис Лумумба“ се преселил во Либан каде во 1970-тите им се приклучува на палестински терористи, планирајќи напади во Европа.По земањето на герилското име Карлос, тој наводно предводел низа терористички акции, вклучувајќи го и киднапирањето на министри кои присуствуваа на состанокот на ОПЕК во Виена во 1975 г., меѓу нив и претставникот на Венецуела, Валентин Хернандез Акоста, што го изврши западногерманската терористичка група Бадер-Мајнхов, позната и како Фракција на Црвената армија.Неговите поддржувачи од кои повеќето се притаија во секуларни тајни кругови пред неговото апсење во 1994 г. во Судан, подоцна конвертираат во ислам и се смета дека се координирани од ирански мула. За тоа време Карлос во затвор во Франција се жени со својата париска адвокатка, Изабел Котан Пеиер.Во една книга објавена во 2003 г., тој изрази и пофалби за Осама бин Ладен , нарекувајќи го „светол“ пример и карактеризирајќки ги нападите на Ал Каеда од 11 септември како „голем вооружен подвиг“./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност
Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.
Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.
„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“
Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.
Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.
Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.
„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“
Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.
„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.
Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.
Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.
Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.
Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.
Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.
Свет
Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.
Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“
Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.
Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.
Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

