Свет
Ракот ќе се убива со светлина и антитела
Светлината е алатка во борбата против ракот која многу ветува, тврдат американски научници.
Светлината е алатка во борбата против ракот која многу ветува, тврдат американски научници.
Студијата, објавена во списанието Nature Medicine, покажа дека може да се создаде лек кој се закачува на туморите, но ме да се активира само кога е погоден од специфични бранови на светлина. Тоа значи дека лечењето може да стане високо прецизно и да не се оштетува околното, здраво ткиво.
Моментно, третманот на ракот може да се подели во три категории: зрачење со радијација, хируршко отстранување на туморите или употреба на лекови за да се убијат канцерогените клетки. Сите имаат странични ефекти и научниците долго време се обидуваат да осмислат попрецизни терапии.
Во студијата, истражувачите од Националниот институт за рак од американската сојузна држава Мериленд, употребиле едно антитело кое напаѓа одредени протеини на површината на канцерогените келии.
Потоа на антителото ја додале хемикалијата ИР700. Оваа хемикалија се активира само ако е погодена од речиси инфрацрвена светлина.. Брановите на ваквата светлина може да навлезат неколку сантиметри во кожата.
За да ја тестираат комбинацијата од хемикалијата и антителото, истражувачите имплантирале тумори, „скалеста“ келија на карцинома (Squamous Cell Carcinoma), во грбот на глушецот. На глувците потоа им го дале лекот и ги изложиле на речиси инфрацрвено светло.
Во студијата се вели дека „обемот на туморот значително се намалил, споредено со заморчето кое не било третирано со лекот и времето на преживување било значително продолжено“.
„Селективното убивање на келиите ја намалува штетата врз здравите келии“, вела авторите на студијата и додаваат дека оваа комбинација „е ветувачка терапевтска и дијагностичка алатка во лечењето на ракот“.
„Иако во нашите експерименти не забележавме никаква токсичност на лекот, негова клиничка употреба ќе подразбира и формална студија за неговата евентуална токсичност“, пишуваат авторите.
„Употребата на антитела или на фотодинамичната терапија за прецизно напаѓање на канцерогените келии и досега успешно се употребувани за третман на одредени видови на рак, па така комбинацијата од двете секако звучи возбудливо“, вели доктор Лора Мекалум од британскиот институт cancer Research UK.
„Но, важно е да не се заборави дека оваа студија е направена врз глушец, па затоа е премногу рано за да се каже дали ќе делува кај луѓе со рак“, предупредува доктор Мекалум.
„Научниците сметаат дека овој потенцијален третман многу ветува, затоа што многумина научници ширум светот ги користат антителата да зададат и други прецизни удари врз ракот, како што е зрачење директно на канцерогените клетки“, заклучува таа. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.