Контакт

Свет

Карлос Шакалот е одговорен за убиства на 1.500 до 2.000 луѓе

Објавено пред

Венецуелецот познат едноставно како Карлос Шакалот кому во понеделник повторно ќе му се суди во Франција, првпат имплицитно ја призна својата одговорност за повеќе од стотина напади во кои се убиени меѓу 1.500 и 2.000 луѓе

dobivaj vesti na viber

Венецуелецот познат едноставно како Карлос  Шакалот кому во понеделник повторно ќе му се суди во Франција, првпат имплицитно ја призна својата одговорност за повеќе од стотина напади во кои се убиени меѓу 1.500 и 2.000 луѓе, во разговор кој во неделата беше објaвен во весник во Каракас, пренесува AFP. Одговарајќи на прашање поставено од новинарот на венецуелскиот дневен весник El National во врска со цивилните жртви во нападите извршени под негова команда, сега 62-годишниот Илич Рамирез Санчез со герилскиот прекар Карлос, вели дека имало „многу малку“.„Пресметав дека би можело да станува збор за околу 10 отсто цивилни жертви. Од 1.500 до 2.000 мртви немаше повеќе од 200 цивили“, одговара Карлос во телефонското интервју за венецуелскиот весник .Главните терористички напади за кои е обвинет Карлос како организатор и директен извршител се случувале во десетгодишниот период од 1973 до почетокот на 1984 година и во нив загинале најмалку 20 лица, но тој е осомничен за многу поголем број смртоносни напади во кои загинале многу поголем број луѓе.Венецуелецот Карлос за весникот од неговата татковина изјавил дека „координирал“ повеќе од стотина напади коишто биле „добро изведени“, според неговата формулација, несакајќи да даде други детали. Убеден дека ќе биде ослободен од обвинението, Карлос вели дека ќе и’ се придружи на владата на Уго Чавез за да му помогне „да ја одбрани со оружје“.Во ноември 2009, на собир на левичарските партии од целиот свет претседателот на Венецуела Уго Чавез го прогласи Карлос за револуционер, обвинувајќи ги француските служби дека го киднапирале и тајно го префрлиле во Париз каде „неправедно“ е осуден. Каролс којшто е во затвор од 1994 годин в о 1997 година е осуден на доживотен затвор поради убиството на двајца полицајци и доушник во Париз во 1975 година. арлос во 1997 г. беше осуден за убиство на двајца припадници на француската разузнавачка служба и на еден либански доушник во 1975 г. во париската четврт – Латински кварт.Судењето на Илич Рамирез Карлос ќе трае од понеделник 7-ми ноември до 16-ти декември пред специјален суд за најтешки кривични дела, за атентати извршени во Франција во периодот меѓу 1982 и 1983 година. Карлос Шакалот е исто така осомничен и за нападот од 2-ри август 1980 година кога во чекалницата на железничката станица во италијанскиот град Болоња експлодирала бомба од која загинаа 85 луѓе а повеќе од 200 биле ранети, што беше најкрвавиот атентат извршен во приодот кога Италија е потресувана од многу атентати од екстремите левичарски и десничарски организации.За овој напад двајца италијански ултрадесничари се осудени на доживотен затвор, а третиот кој во тоа време бил малолетен е осуден на 30 години затвор. Покрај нив, на помали затворски казни до седум до десет години се осудени повеќе лица меѓу кои и припадници на военото разузнавање кои биле обвинети за попречување на истрагата.Семејствата на жртвите и дел од италијанската јавност сé уште сметаат дека осудените се само извршители, но дека нарачателите никогаш не се казнети. Покрај италијанските десничарски терористички групи од 1970. и 1980-те, ако можни сторители на масакрот се споменувани и Палестинци, Либијци, Либанци и еден од најпознатите светски левичарски терористи Илич Рамирез Санчез попознат како Карлос Шакал.Рамирез беше грабнат во болничка соба во Судан во 1994 г. од страна на француски агенти во содејство со врвот од CIA и во вреќа со таен лет бил пренесен до Париз. Сега, по собирање докази, му се суди и за атентати извршени во Франција во 1982 и 1983 г.По еден од неговите многубројни прекари е снимен акционо-криминалистичкиот серијал „Шакалот“.Карлос е роден во 12 октомври 1949 година во главниот венецуелски град Каракас, во семејството на Алтаграсија Рамирез, богат адвокат со марксистичка идеологија, кој на двата сина им дава имиња по водачот на советската Октомвриска револуција, Владимир Илич Ленин.Рамирез по неговото протерување од московскиот универзитет „Патрис Лумумба“ се преселил во Либан каде во 1970-тите им се приклучува на палестински терористи, планирајќи напади во Европа.По земањето на герилското име Карлос, тој наводно предводел низа терористички акции, вклучувајќи го и киднапирањето на министри кои присуствуваа на состанокот на ОПЕК во Виена во 1975 г., меѓу нив и претставникот на Венецуела, Валентин Хернандез Акоста, што го изврши западногерманската терористичка група Бадер-Мајнхов, позната и како Фракција на Црвената армија.Неговите поддржувачи од кои повеќето се притаија во секуларни тајни кругови пред неговото апсење во 1994 г. во Судан, подоцна конвертираат во ислам и се смета дека се координирани од ирански мула. За тоа време Карлос во затвор во Франција се жени со својата париска адвокатка, Изабел Котан Пеиер.Во една книга објавена во 2003 г., тој изрази и пофалби за Осама бин Ладен , нарекувајќи го „светол“ пример и карактеризирајќки ги нападите на Ал Каеда од 11 септември како „голем вооружен подвиг“./крај/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Објавено пред

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

dobivaj vesti na viber

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

Прикажи повеќе...

Свет

Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека

Објавено пред

Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.

dobivaj vesti na viber

Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.

Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.

Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.

Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.

Прикажи повеќе...

Свет

Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани

Објавено пред

Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.

dobivaj vesti na viber

Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.

Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.

На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.

Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија6 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија10 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет12 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион13 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет13 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија24 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...