Спорт
Билиќ: Одиме по титулата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по изборениот пласман на Европското првенство, вели дека неговата репрезентација на ЕП може натпреварите да ги заврши уште во фазата по групи, но дека во Полска и Украина ќе замине по титулата.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по изборениот пласман на Европското првенство, вели дека неговата репрезентација на ЕП може натпреварите да ги заврши уште во фазата по групи, но дека во Полска и Украина ќе замине по титулата. Хрватска, во бараж двомеќот ја елиминира Турција со вкупни 3:0.„Им честитам на фудбалерите, знаев дека ќе биде тешко. Ми падна каменот од срце, знаев дека во Загреб работите можат да тргнат во лоша насока, затоа сакавме да им парираме на Турците и да ги казнуваме секогаш кога ќе ја имавме топката. За жал, не успеавме да постигнеме гол“, рече Билиќ. По победата во Турција од 3:0, реваншот на „Максимир“ заврши без голови, Билиќ имаше потреба да им објасни на навивачите зошто е тоа така. „Не сме подобри од Турција за тие три гола, туку фантастично го одигравме првиот натпревар во Турција. На играчите им кажавме дека во мечот треба да влезат максимално концентрирани, знаејќи дека е тешко да се мотивираат во вакви ситуации. Сепак се пласиравме таму каде што припаѓаме, ова ми е најслатката победа“, рече Билиќ. Хрватскиот селектор ги коментираше шансите и амбициите на Европското првенство. „Одиме на ЕП свесни дека можеме да испаднеме уште по групната фаза, но одиме таму и со амбицијата да станеме шампиони на Европа, цел која ја имаат поголем дел од репрезентациите“, нагласи Билиќ.Европското првенство во Полска и Украина ќе се одржи од 8. јуни до 1. јули следната година. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мартин одбил да ја напушти Барселона

Барселона се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј (FFP) и ова лето, поради што сè уште е веројатно дека еден играч од првиот тим ќе го напушти клубот. Нема повеќе простор за регистрација на нови играчи, па затоа е јасно дека би требало да се направи барем еден трансфер, за да може во клубот да пристигне нов играч.
Еден од кандидатите за продажба е играчот од средниот ред Марк Касадо (21). За него постои интерес од бројни клубови подготвени да потрошат околу 30 милиони евра, но Касадо одлучи да остане на „Камп Ноу“. Клубот ја прифати неговата одлука и не планира да го принуди да си замине.
Сосема поинаквае ситуацијата со Жерар Мартин (23). Вулверхемптон понуди 15 милиони евра за левиот бек. Барселона ја прифати таа сума бидејќи значително би помогнала во решавањето на проблемот со FFP и започна преговори.
Сепак, Мартин го одби трансферот и не сака да слуша за понудите што доаѓаат за него, пишува Каталонски „Спорт“. Тој сигурно ќе остане во клубот до јануари, кога ќе се разгледа колку е важен за тренерскиот тим на Ханси Флик, а потоа, доколку не игра важна улога, би можел да си замине.
Спорт
Исак: Кога ветувањата се прекршени, врската не може да продолжи

Вечерва, Александер Исак беше вклучен во најдобриот тим од минатата сезона на Премиер лигата, во изборот на фудбалерите. Шведскиот напаѓач во последните денови е во центарот на трансфер сагата, во која се обидува да го напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул.
Исак долго време молчеше и избегнуваше медиумски настапи, но вечерва објави „стори“ на Инстаграм во која истакна дека Њукасл не ги исполнил ветувањата и дека би било во најдобар интерес на сите страни да се направи промена, односно трансфер. Ја пренесуваме изјавата на Исак во целост:
„Горд сум што бев признат од моите колеги професионалци и вклучен во тимот на Премиер лигата за сезоната 2024/25. Прво, сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите во Њукасл јунајтед кои ме поддржаа на тој пат. Не сум на церемонијата вечерва. Со оглед на сè што се случуваше, не чувствував дека треба да бидам таму.
Долго време молчев додека другите зборуваа. Таа тишина им овозможи на луѓето да ја промовираат својата верзија на настаните, иако знаат дека не го одразува она што всушност беше кажано и договорено зад затворени врати. Реалноста е дека ветувањата беа дадени, а клубот долго време знаеше за мојот став.
Да се однесуваш сега како сега да се појавија проблемите е погрешно. Кога ветувањата се прекршени и довербата е изгубена, односот не може да продолжи. Сега сум тука и затоа промената е во најдобар интерес за сите, не само за мене.“
Ливерпул беше информиран претходно дека Њукасл нема да ја прифати понудата од околу 140 милиони евра. Од Ливерпул изјавија дека нема да испратат нова понуда освен ако Њукасл не го промени својот став.
Спорт
Џон Вол објави крај на кариерата

Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи.
По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“.
Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот.
Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 година, а потоа играше за Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс, а од 2023 година, Џон Вол нема тим.
Тој беше елитен НБА плејмејкер, прототип на играч од старата школа кој секогаш ќе се стреми прво да асистира и имаше просек од 18,7 поени со 8,9 асистенции, 4,2 скока и 1,7 украдени топки во 647 натпревари во кариерата во НБА.
Во 2019 година, Вол потпиша супермакс договор со Вашингтон, во во краток период доживеа две тешки повреди што го доведоа до депресија и речиси ја завршија неговата кариера уште тогаш.
Фото/ Принтскрин