Свет
Ескалира насилството на границата меѓу Газа и Израел

И натаму расте напнатоста на границата меѓу појасот Газа што го контролира палестинското движење Хамас и Израел, откако денеска се убиени двајца припадници на Исламистичкиот џихад од страна на израелските сили.Двајцата припадници на радикалната палестинска група Исламистички џихад загинале утрово на југ од појасот Газа во престрелка со израелските војници, соопштија денеска од групата Врифадите на Ал-Кудс кој е вооружено крило на исламистичката организација. Портпаролката на израелската армија во Тел Авив за АФП потврдила дека војниците гаѓале „терористичка група“ која се обидувала да постави експлозивна направа на приод од безбедносниот појас кој го дели Израел од појасот Газа. Зголемувањето на насилството се случува во пресрет на одбележувањето на двегодишнината од израелската офанзива „Лиено олово“ на преминот од 2008 во 2009 г. кога загинаа околу 1.400 Палестинци и 13 Израелци.Израелската армија последните денови ги интензивираше воздушните напади на палестинските вооружени групи во Газа, одмаздувајќи се за зачестените минофрлачки и ракетни напади врз југот од Израел Тензиите нагло се зголемија откако на 18-ти декември израелското воено воздухопловство уби петмина палестински исламистички борци кои се обидувале да изведат ракетен напад врз Израел од појасот Газа.Седмицава израелската армија соопшти дека првпат е забележано дека радикалните палестински групи употребиле руска противтенковска ракета од типот „корнет“. Израелскиот дневен весник „Једиот Ахаронот“ напиша дека движењето Хамас располага со ракети од типот „Фајр-5“ со дострел од 80 до 90 километри кои се направени во Сирија./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка Дороти Шиа оцени дека инцидентот е алармантно кршење на воздушниот простор.
Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва, пак, тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дроновите не дозволувал да стигнат до Полска.
Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.
Свет
Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.
Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.
Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони.
Свет
(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа, а потоа им се обрати на злосторниците.
„Крикот на оваа вдовица ќе одекнува како борбен повик. Ако мислевте дека мисијата на Чарли беше силна порано, немате поим што штотуку ослободивте низ земјата и светот.“
ERIKA KIRK Speaks to America…and the World… for the first time since her husband was assassinated.
VERY POWERFUL and heart wrenching! pic.twitter.com/HyWlR8N3N3— Elvin Unleashed (@Elvin_Unleashed) September 13, 2025
Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен. Претседателот Доналд Трамп најави дека постхумно ќе му додели Медал на слободата, опишувајќи го како првак на генерацијата.
„Трнинг поинт УСА“ го нарече својот основач маченик и пионер. Потпретседателот Џ. Д. Венс го пренесе ковчегот во Феникс со владин авион.
Ерика Кирк, поранешна Мис Аризона и мајка на две деца, најави дека турнејата и подкастот на нејзиниот сопруг ќе продолжат.