Спорт
ОИ хронологија: Стокхолм 1912
Пренесуваме краток преглед на настаните на Петтите олимписки игри одржани во Стокхолм од 5. мај до 27. јули 1912 година (според официјалните податоци на МОК).
-број на учесници: 2407 (48 жени и 2359 мажи)- земји учеснички: 28- број на спортови: 14- број на дисциплини: 102Игрите одржани во шведската престолнина биле отворени од кралот на оваа земја Густаф V, истите минале во доминација на двајца атлетичари: Ханес Кохлемаинен од Финска и Американецот Џим Торп. Кохлемаинен во Стокхолм освоил четири медали, златни на 5.000 и 10.000 метри и во крос (12 километри) и сребро во тимската трка во крос. На трката на 5.000 метри поставил нов светски рекорд, неговата збирка на медали би била побогата, но победничката низа му била прекината поради Првата Светска војна. Злато освои подоцна на ОИ во Антверпен, во 1920 година победил во маратонската трка. Торп бил доминантен во петобој и десетобој. Од неговите успеси бил воодушевен и шведскиот крал, кој на Торп му рекол: „Господине, Вие за мене сте најголемиот атлетичар“. По враќањето во САД тој се соочил со обвинението дека професионално, за пари, играл бејзбол, со што „ги прекршил олимписките амтерски стандарди“. Тој бил дисквалификуван, медалите освоени во Стокхолм му биле одземени. Торп починал во 1953 година, а во 1980 година псотхумно е рехабилитиран. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Уште еден тренер во Премиер лигата ќе остане без работа
Тотенхем целосно ја изгуби довербата во Томас Франк и се очекува наскоро да му врачи отказ.
Поразот од Астон Вила и елиминацијата од ФА купот, ја прели чашата на „Вајт Харт Лејн, клупските челници се подготвени да го заменат Томас Франк, кој целосно потфрли откако го замени Ангелос Постекоглу.
Под палката на Франк, Тотенхем забележа само 11 победи во 31 натпревар, со осум нерешени резултати и дури 12 порази, и не изгледа дека Данецот може да ја подобри формата на тимот.
Освен резултатите, прилично неубедливата и играта, во споредба со минатата сезона со Постекоглу.
Засега нема индикации кој би можел да биде замена за Франк, особено среде сезоната. Најценетите менаџери во Премиер лигата се Андони Ираола и Оливер Гласнер, но тие нема да ги напуштат Борнмут и Кристал Палас пред крајот на сезоната.
Се шпекулираше дека Тотенхем би бил среќен да го врати Маурисио Покетино, но Аргентинецот е фокусиран на натпреварување на Светското првенство со селекцијата на САД. Сепак, тој е под договор на крајот на Мундијалот и нема да биде достапен до летото.
Спорт
(Видео) Египет е во полуфиналето на АК – Салах: Важно народот да биде горд
Египет се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации откако го победи бранителот на титулата Брегот на Слоновата Коска со 3:2 во драматичен натпревар.
Херој на Египет, беше Мохамед Салах, кој постигна гол и забележа асистенција, а на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.
„Пресреќен сум што поминавме понатаму. Натпреварот беше многу тежок, гледавте, пет гола, беше интересно да се гледа, но не и да се игра. Сепак, мило ми ешто на крајот успеавме да поминеме“, рече Салах.
Капитенот на Египет нагласи дека индивидуалните перформанси не се одлучувачки и дека заслугата му припаѓа на целиот тим.
„Важно ми е да видам дека египетскиот народ е горд на она што го направив и им се заблагодарувам уште еднаш. Но, вистинската тајна на денешната победа се играчите. Тие дадоа сè од себе.“
Египет брка рекордна осма титула во Африканското првенство, а полуфиналниот натпревар против Сенегал е закажан за среда во Тангер. Нигерија и Мароко ќе играат во второто полуфинале.
foto/ EPA
Спорт
Сабаленка го освои Бризбејн
Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.
Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).
Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.
Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.
Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.
Foto/ EPA

