Македонија
Сајтот на Макфакс мета на хакерски напад
Сајтот на Новинската агенција Макфакс ноќеска околу полноќ беше мета на хакерски упад, поради што дојде до повеќечасовен
Сајтот на Новинската агенција Макфакс ноќеска околу полноќ беше мета на хакерски упад, поради што дојде до повеќечасовен прекин во објавувањето на вестите. Нападот е извршен во 00.12 изутрината. Тимот на Макфакс го забележа упадот и навреме спречи менување на основната хоум страна на сајтот и нанесување на поголема штета, како што е бришење на комплетната содржина вклучително и целосната архива на вести и информации. Според првичните информации за ИП адресата, нападот е извршен од западна Европа, односно од Германија или Франција.Хакерот или хакерската група на многу вешт начин успеала да ги промени корисничките имиња и лозинки за пристап кон серверот и притоа веб сајтот беше ставен надвор од употреба. Со нападот беа променети администраторските привилегии на ИТ инженери, кои го одржуваат сајтот, поради што немаа никаква контрола на дата базата, архивата или било која друга содржина. Притоа беа променети и постоечки шифри заедно со конфигурациските фалјови на веб сајтот. Целиот проблем е навремено надминат благодарение на редовното заштитување (бекап) на податоците. ИТ техничарите изутрината ги вратија речиси сите информации назад, по што сајтот makfax.com.mk беше повторно подигнат во10.08 часот. Новинаската агенција Макфакс превзема мерки за дополнителна заштита со цел да не дојде во иднина до вакви или поголеми инциденти, како што впрочем се случи со неколку вебсајтови на државни институции. Раководството на Макфакс за целиот настан ќе го извести одделението за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи. Воедно Новинската агенција Макфакс им се извинува на корисниците и читателите поради непланираниот прекин во емитување на вестите во вообичаениот термин. /крај/мг/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.
Македонија
Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување.
„Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за понатамошен активности за заштита и промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој“, истакна министерот Хоџа.
На средбата беше нагласено дека националните паркови се клучен столб во заштитата на природното наследство, но и важен двигател на одржливиот туризам и локалниот економски развој.
Министерот Хоџа истакна дека Министерството ќе продолжи со поддршка на активностите на националните паркови преку подобрување на законската регулатива, обезбедување стабилна финансиска поддршка од државниот буџет, како и преку координација и мобилизација на средства од ПОНТ, ЕУ ЛИФЕ програмата и други меѓународни партнери. Со тоа ќе се зајакне управувањето, ќе се унапреди заштитата на биолошката разновидност и ќе се развива зелена инфраструктура во националните паркови.
Националните паркови, како што беше нагласено на средбата, денес претставуваат не само заштитени подрачја, туку и значајни двигатели на одржливиот развој, атрактивни еко-туристички дестинации и позитивен пример за одговорно управување со природните ресурси.

