Контакт

Економија

Министерот Иво Ивановски на Светскиот форум за информатичко општество

Објавено пред

На Светскиот форум за информатичко општество ITU кој деновите се одржува во Женева, Швајцарија, министерот Иво Ивановски покрај воведната панел-дискусија на првиот ден, учество заде и на две панел-дискусии на тема

dobivaj vesti na viber

На Светскиот форум за информатичко општество ITU кој деновите се одржува во Женева, Швајцарија, министерот Иво Ивановски покрај воведната панел-дискусија на првиот ден, учество заде и на две панел-дискусии на тема е-Владеење и презентацијата на новиот портал од Глобалната алијанса за развој на информатичкото општество за милениумските цели при Обединетите Нации.

При службената посета на Женева, министерот Ивановски оствари неколку значајни средби со раководството на Интернационалната унија за телекомуникации ITU.

На првата средба со Генералниот секретар Хамадоун Туре беше разговарано за вклученоста на Македонија во ИТУ како и за напредокот што Македонија го направи во 2008-мата година во целокупниот развојот на информатичкото општество.

Туре ја поздрави посветеноста на Владата на Република Македонија во инвестирањето за развојот на информатичкото општество, како гранка којашто има најголемо позитивно влијание во развојот на економијата.

Македонската делегација оствари средба и со  директорот за развој при ИТУ Сами Ал Башир, во чијашто надлежност се структурните фондови за развој на информатичкото општество во неразвиените земји.

Министерот Ивановски побара од Ал Башир поголема поддршка од ИТУ за помалите земји коишто имаат конкретни стратегии за развој на ИКТ, на што беше добиен позитивен одговор и лично ветување од Ал Башир за поголема поддршка и поголема соработка со Македонија.

Во текот на вчерашниот ден, македонската делегација го посети ЦЕРН, а домаќин на посетата беше македонскиот реномиран научник Златко Димчовски кој работи во ЦЕРН повеќе од 40 години.

Делегацијата го посети компјутерскиот центар, каде што се наоѓа најголемиот и најмоќниот супер компјутер во светот, како и најголемата база на податоци којашто се користи во колајдерот на честички. /крај/ир/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа

Објавено пред

„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Објавено пред

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.

dobivaj vesti na viber

Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.

Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.

Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава

Објавено пред

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:

dobivaj vesti na viber

„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“

Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.

„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија2 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија2 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет3 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет4 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија5 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет6 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ6 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија6 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија20 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет22 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија23 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија1 ден

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ1 ден

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија1 ден

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...