Економија
“Бетон“ ќе гради за 8,9 милиони евра за Општина Центар

Скопски „Бетон“ склучи три договори вредни 8,9 милиони евра за изградба на споменици во скопската општина Центар, објави компанијата
Скопски „Бетон“ склучи три договори вредни 8,9 милиони евра за изградба на споменици во скопската општина Центар, објави компанијата.Договорите компанијата и надлежните од општина Центар ги склучиле за изградба на „Споменик на паднатите херои“, за комплекс посветен на Карпошевото востание и за пешачки мост на реката Вардар. Првиот договор е во вредност од 108,45 милиони денари, вториот е во вредност од 297,36 милиони денари и третиот договор на 142,63 милиони денари. Компанијата во својата информација не ги објави роковите за изградба на спомениците и на мостот. Вкупната вредност на трите зделки е 548,44 милиони денари. Доколку се спореди во вкупниот приход за лани „Бетон“ со овие договори обезбедил работа со која би остварил повеќе од 25 отсто од годишните приходи. „Бетон“ на први април годинава објави дека склучил договор со Општина Центар за изградба на катна гаража на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Судска палата. Тој договор е вреден 352,47 милиони денари. Тоа значи дека во првите шест месеци годинава Општина Центар на „Бетон“ Скопје му дала градежни работи во вредност од 900,9 милиони денари што претставува речиси половина од сите приходи кои лани ги остварила таа компанија./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.