Свет
Либиските востаници добија помош во нападот на Бани-Валид
Силите на либиските востаници добиле засилување и во денеска ќе се обидат да ја преземат контролата врз градот Бани-Валид, едно од последните упоришта на војниците лојални на водачот на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи.
Силите на либиските востаници добиле засилување и во денеска ќе се обидат да ја преземат контролата врз градот Бани-Валид, едно од последните упоришта на војниците лојални на водачот на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи. Оваа информација за Reuters ја потврдил еден од лидерите на Нaционалниот преоден совет (NTC) чие раководство предупреди дека соборениот Гадафи и натаму претставува закана за Либијците.Војниците на Гадафи кои стрелаат со ракети и минофрлачки гранати го запреа напредувањето на локалните борци кои се обидуваат да се пробијат во северните предградија на Бани-Валид., 150 километри југоисточно од либиската престолнина Триполи. Голем број војници во униформи и искусни борци на Советот пристигнаа на помош на соборците кои наидоа на жесток отпор на единиците се уште лојални на соборениот режим. Борбените авиона на НАТО патролираат на небото, откако во саботата извршија неколку воздушни напади. Претходно Алијансата демантираше дека на либиските востаници од пред Бани-Валид им кажала да се повлечат, бидејќи претстојат воздушни удари врз градот. „Во близината на Бани-Валид имаше еден ракетен фрлач кој го уништивме“, изјави за Reuters висок функционер на НАТО. Во денешното официјално соопштение, НАТО потврдува дека погодило еден тенк и две оклопни возила во оваа област./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

