Забава
Совети за подолг и поздрав живот

Прочитајте ги и обидете се да ги следите овие едноставни совети кои вашиот живот ќе го направат поубав и подолг. Нема причина да се чувствувате лошо кога со само мало менување на некои животни навики се случуваат толку многу промени на подобро. Да почнеме!
1.Вежбајте јога – го намалува крвниот притисок, ја подобрува флексибилноста и ве ослободува од стресот.
2.Контролирајте го стресот – го зголемува крвниот притисок, а намалува имунитетот.
3.Внимателно со виното – умереното пиење е добро за срцето поради антиоксидансите кои ги има во овој пијалок, но ако претерате го зголемувате ризикот за рак на устата, како и проблеми со црниот дроб и бубрезите.
4.Откако се утврди врската меѓу болестите на непцето и оние на срцето не заборавајте добро да ги исчистите забите!
5.Ризикот од дебелина е еднаков како и ризикот од пушење. Дури 30 000 смртни случаи годишно се поврзани со преголема тежина.
6.Чувајте домашно милениче – докажано го намалува крвниот притисок, стресот, а ги зголемува шансите за живот по сериозни боледувања.7. Заборавете на скарата. Готвење месо на високи температури создава хемиски реакции кои го зголемуваат ризикот за рак на желудник, панкреас, дојка и на дебелото црево.8. Средете си го дворот. Истражувањата покжуваат дека само со прошетка низ убава градина значително се намалува стресот, а работењето низ двор согорува калории, го затегнува телото и го изострува умот.9. Не за солариумот! Го зголемува ризикот од рак дури за 20% за секоја декада во која сте биле на солариум пред да наполните 60 години.10. Редовно мерете притисок. 120 000 мозочни и срцеви удари може да се избегнат и 62 000 животи годишно можат да бидат спасени со едноставно мерење и соодветно контолирање на крвниот притисок.11. Ослободете се од депресијата. Еден од петорица луѓе пати од депресија, а таа буквално убива. Симптомите може да бидат исцрпеност, чувство на беспомошност и вина, недостиг од мотивација, немање самодоверба, вознемиреност, постојана загриженост. Доколку сте депресивни, побарајте помош.12. Околу милион луѓе имаат дијабетис, а не знаат за тоа. Проверете да не случајно сте еден до нив. Симптомите вклучуваат екстремна жед, зачестено мокрење, губење тежина, умор.13. Глаукомата напаѓа еден на секои 50 луѓе на возраст над 40 години. Вообичаено нема сиптоми се додека болеста не е толку развиена што видот е трајно оштетен. Затоа, тестирајте се и дознајте навреме.14. Следете ги промените на кожата. Консултирајте го докторот за промените на кожата, модринки кои не поминуваат за еден месец, израстоци, нови бемки, стари бемки кои се зголемуваат, ја менуваат бојата, ве чешаат, крварат или закораваат.
15. Имајте редовен и квалитетен сон, но немојте да се залажувате со излежување во кревет. Веднаш станете и започнете со секојдневните активности.
Работете, спортувајте, хранете се здраво, имајте квалитетен сон.. Време е за промена на вашите животни навики!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.