Контакт

Забава

Брацо не е измамник

Објавено пред

Форум направи интервју со Анџелика Вајткиф, П.Р. на исцелителот Брацо кој денес по втор пат го посети Скопје.

dobivaj vesti na viber

Анџелика Вајткиф е личност задолжена за односи со јавноста и претставник за медиумите на Брацо. Дипломиран лингвист по англиски јазик и литература, Анџелика се заинтересирала за овој вид на алтернативна медицина уште од факултетските денови пред давесетина години. Во периодот додека живеела во сојузната држава Калифорнија, таа водела центар за лечење преку алтернативна медицина. Американка по националност, таа е дел от тимот на Брацо од февруари оваа година. Вајтклиф беше љубезна и одвои половина час од нејзиното време во кое објасни повеќе за Брацо и за неговата дарба.

Форум: Како Брацо се здобил со оваа дарба? На сајтот стои дека средбата со Ивица Прикиќ познатиот јасновидец му го променила животот. Дали од тој момент тој почна да лечи луѓе или беше роден со оваа дарба?Анџелика Вајткиф: Ивица Прикиќ кој сега е починат кога се сретна со Брацо ја препозна неговата дарба за исцелување. Мислам дека универзумот одбира одредени луѓе кои ќе бидат најсовршениот израз за таква дарба за човештвото.

Значи колку време Брацо ја има оваа дарба?Како и кај повеќето исцелители, постои момент кога самиот човек ќе свати дека има нешто посебно во него, со кое треба да направи нешто посебно со дарбата. Во случајот со Брацо, кога почина Ивица, тогаш таа дарба се активира кај него, таа трагедија со губењето на драгиот пријател, кој им помогна на илјадници луѓе предизвика дарбата на Брацо да стане поизразена. Во исто тоа време една жена чиј син имал кошмари, сонила сон дека тој треба да биде личноста која ќе му помогне на нејзиниот син. Со ова е потврдува теоријата за поврзаноста на луѓето.

Тоа беше еден вид на претскажување? Да, жената отиде кај Брацо со сликата од нејзиниот син, тој ја допре сликата и така се започна. Енергијата од Брацо се префрли на тоа момче, а кај него кошмарите исчезнаа. Пред сесијата со Брацо ниту психолозите не можеа да му помогнат.

Како тој заработува за живот ако не прима донации или било каква финансиска надомест од посетителите?Од ДВД, цедињата, книгите и од влезниците. До сега се снимени неколку филмови за него. Дури и научници напишаа повеќе книги за него.

Колку време работите како П.Р. за Брацо?Не работам само како П.Р., организирам конефенции во САД, поточно во Хаваи. Во почетокот на годинава слушнав за Брацо и отидов да го видам. Кога ја видов најпрво неговата слика, ја видов неговата енергија од сликата која беше толку посебна, и ништо слично до сега не сум видела. А јас го имам пропатувано светот изминативе двесет години низ многу земји и сум сретнала многу исцелители од секаков вид и од секаде: шамани од Мексико, кахуните од Хаваи, чистачи на енегија од Европа. Многу од нив се моќни и навистина им помагаат на луѓето, но дарбата на Брацо, е една од посебните кои сум имала можност да ги сретнам. Во неговата дарба видов нешто што ме натера да купам авиобилет за Лас Вегас каде што требаше да настапи уште истиот момент кога ја видов неговата фотографија.

Колку време се познавате со Брацо? Од февруари оваа година. Јас присутвував секој ден на неговите сеанси во период од една недела на конференцијата во Лас Вегас. И уште од првата сеанса ја почувствував неговата дарба, иако претходно работев со други исцелители. Имам добар живот но како и сите останати луѓе сакав предизвици да го подобрам животот. Уште од првата средба тој ми даде сила која и денес ја чувствувам.

Дали за време на вашите патувања сте сретнале лажни изцелители алчни за пари?Да постојат многу лажни ицелители кои тврдат дека можат да им помогнат на луѓето но, тоа се само зборови. Можете да познаете кој е вистинскиот кога ќе почнете да ги интевјуирате луѓето кои одат кај исцелителот и да ги прашате дали ви помогнал. Ќе ги прашате за тоа како им се променил животот. Ова ми е втора недела на Балканот и можам да видам во луѓето кои доаѓаат да го видат Брацо дека има промена во нив. Има сила во нив.

Гледате подобрување?Да. Постојано слушам од луѓето безброј приказни дека биле излечени од рак, нападите од епилепсија им престанале, списокот е навистина долг.

Дали Брацо им помага и во емоционалните проблеми? Дали Брацо лечи на прмер депресија или шизофренија кои се тешки ментални состојби?Енергијата на Брацо не е ограничена само на лекување на физичките болести. Имам зборувано со луѓе на кои врските, бракот им се подобриле, луѓе на кои депресијата им исчезнала. Зборував со доктор, медицинско лице кај кого деперсијата комплетно ја снема откако присуствуваше на една сеанса со Брацо.

Дали тоа што го прави е одобрено или осудувано од медицинските лица и од западната медицина?Во САД имаме пионери во алтернативна медицина и спиритуалност како на пример д-р. Дипак Чопра. Тој има зборувано со милиони луѓе, има напишано безброј книги на таа оваа тема – манифестирање на енергија и лечење со енергија кои се бестселери низ светот. Тој ја охрабрува медицинската зедница да биде отворена за работи кои науката не може да ги објасни или докаже. Затоа што немаме научно објаснување за ова, не значи не е валидно.

Прашувам затоа што обичниот народ, не само медицинските лица, е скептик за алтернативната медицина и за ова ќе рече, ако не е медицински докажано, не е веродостојно и не фукнционира. Денечната наука е поинаква од таа пред десет години. Тоа што денес ни го кашува квантната физика дека сме заедно поврзани, е сосема различно од тоа што не учеа пред 20 години на факултет. Науката постојано се редифинира себеси и постојано созрева. Енергијата на Брацо сметам дека е највисоко ново на созревање, па науката мора да тежнее да го објасни тоа што Брацо го прави на сеансите. Тој има поддршка од медицинските лица, доктори, истражувачи, научници. Луѓето мораат да ги отворат своите умови, но најважно од се мораат да ги отворат срцата, да дојдат да видат и после самите да одлучат дали Брацо ќе има некакво влијание врз нивниот живот. Ако има можеби ќе сакаат да се вратат повторно или да ја споделат изнфомацијата или искуството со пријатели.

Дали Брацо изврши влијание и врз вас?

Да. Во јануари по втор пат ќе го однесам Брацо во САД, поточно во Хаваи каде што ќе има турнеја која ќе трае три недели.Во Хаваи се наоѓаат најголем број исцелителите во САД. Луѓето од цел свет доаѓаат да живеат во Хаваи и да ги практицираат овие методи на алтернативна медицина.

Збунувачка е изјавата која стои на сајтот на Брацо која вели сите што не можат да присуствуваат лично на самата сесија да ги донесат своите блиски роднини и пријатели да присуствуваат со нивна фотографија.Како функционира исцелувањето преку фотографија?Знам дека тоа е збунувачко за многумина. Како што напоменав, квантната физика вели дека сите сме поврзани. Постои теорија во квантната физика која се вика „Теорија на заплетканост“ која вели дека во еден момент сите сме биле обединети, а потоа сме се одвоиле, оддалечиле. Но затоа што порано сме биле единство, се уште во нас постои врска без разлика на далечината меѓу нас во просторот. Брацо може со допир на една слика, да ја пренесе енергијата од таа слика до личноста и да и го промени животот на таа личност од сликата. Имам зборувано со многу луѓе кои ми кажале дека животот на нивните најблиски се променил благодарение на тоа што ги донеле сликите на сеансите. Тие имале трансформација на подобро во здравјето, духовната состојба, среќата.

На сајтот тој тврди дека не е лекувач, туку дека само шири љубов и топлина. Но сепак, тој ги советува луѓето со здравствени проблеми да не ги прекинуваат третманите кај нивните доктори кои ги имаат за болеста од која боледуваат. Сево ова е многу контрадикторно. Тој не трвди дека буквално сите што присуствуваат на сеансите ќе може да ги излечи. Напротив доаѓаат и луѓе со само една причина да докажат дека е само измамник, а подоцна тие се главните поборници за присутвување на вакви сеанси. Но секој од нас си има своја судбина. Ако судбината не однесе во правец на тешките болести, не е многу умно да се оддалечат луѓето од тој пат. Многумина луѓе не се согласуваат со ова мислење. Но ако луѓето прифатат да внесат повеќе среќа во нивниот живот, тие се тие луѓе на кои може да им се помогне.

Што вели психологијата за овој вид алтернативна медицина. Еден фројдовец најверојатно би рекол дека ова се само глупости, депресијата би трбало да се реши со терапија и антидепресанти, а не со стоење во едно место 5 минути и гледање во некој човек.Можам само да зборувам за американската медицинска заедница. Кај психолозите и психијатрите во САД постои големо движење, каде што луѓето кои имаа факултетска диплома за психолог на пример, посетуваат часови каде што ќе се здобијат со диплома за алтернативна медицина, за да ги разберат двете страни. Брацо им советува на луѓето да не се откажуваат од третманите кај лекарите. Кога еден човек ќе се излечи од рак тој покрај духовните докази ќе има и медицински информации за излекувањето.

Зошто на бремените жени кои се во второто и третото тромесечие како и децата до 16 години им е забрането да присуствуваат на сеансите на Брацо?Затоа што енергијата на Брацо е многу силна. Ако на бремените жени или на плодот им се случи нешто енергијата на Брацо ќе биде обвинета за тоа. Се препорачува да се донесе само слика од жената или пак да стои надвор од салата за да има дистанца помеѓу неа и енергијата. Истото важи и за децата. Енергијата е премногу силна и за нив.

Забележав дека сите посетители на сеансите носат букети со цвеќе? Зошто е тоа така и дали мора да биде специфичен вид цвеќе?Брацо обожава цвеќиња. Обожава природа. Луѓето почнаа да носат цвеќиња во негова чест и како знак на благодарност. Од организацијата ги собираат сите цвеќиња на куп, тој гледа во нив и на одење тој им ги враќа пак на посетителите полни со енергија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Георгина Родригез повторно знае како да привлече внимание и да ги воодушеви сите со своите облини

Објавено пред

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, е доста активна на социјалните мрежи. Нејзиниот изглед често е предмет на дискусија, а понекогаш добива и критики.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Таа разочара многумина со својот настап на „Мет гала“ кога, според тврдењата, целосно ја промашила модната задача што ја имала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Овој пат, сепак, нема грешка во Георгина, само дајте ѝ хеланки и таа ќе направи вистински хаос на социјалните мрежи.

Не требаше долго време коментарите за нејзиниот изглед да ја преплават објавата.

„Таа зрачи со дисциплина, сексапил и самодоверба“, „Совршено згодна“, „Кралица на дисциплината“, „Изгледаш подобро од фитнес-инструкторки“, „Неверојатна си“, „Никогаш не излегувај од хеланки“, беа некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Покрај тоа, имаше и такви што убавата Георгина ги потстеи на Ким Кардашјан, и по изглед и по моден избор.

Прикажи повеќе...

Забава

Уште еден топол ден и уште една жешка фотографија од познатата актерка

Објавено пред

Британската актерка и модел Елизабет Харли (60) ужива во уште една летна сезона.

dobivaj vesti na viber

Освен што гордо ги покажува новите дизајни на бикини од нејзината лична колекција костими за капење, ова лето таа гордо го покажува и својот емотивен партнер – музичарот Били Реј Сајрус.

Сега, по којзнае кој пат, таа ја искористи можноста да се огласи преку Инстаграм и, како и обично, објави атрактивна фотографија.

Убавицата носи едноделен костим за капење со „анимал“ принт, кој е вистински хит меѓу жените оваа сезона.

Интересен е и детаљот во пределот на градите, златниот ланец кој го нагласува деколтето на актерката.

Беше забележлива блескавата насмевка што им ја подари на своите обожаватели на социјалните мрежи, како и очилата како совршен додаток на овој летен стајлинг.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Совршени летни фризури за жени над 60 години

Објавено пред

Модерни, лесни и едноставни за одржување – ова се фризурите што дефинитивно ги посакувате оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Барате совршена фризура за жешките летни денови? Еве некои од најатрактивните и најпопуларните, кои се особено добри за жени со тркалезно лице. Важно е како ќе ја стилизирате: изберете лелеави, слоевити и разиграни текстури.

Совршени летни фризури за жени над 60 години: Топ 7 најатрактивни

1. Пикси
Безвременската пикси фризура е класика меѓу најподмладувачките фризури. Идеална е за тркалезни лица, бидејќи обезбедува волумен на врвот на главата, додека страните се мазно исечени, што визуелно го стеснува лицето. За уште подобар ефект, оставете го челото откриено и додадете лесни слоеви со движење на темето.

2. Боб
Боб фризурата е секогаш во мода, но за тркалезни лица изгледа подобро ако е малку подолга од линијата на брадата. Ова го избегнува нагласувањето на ширината на лицето. Во комбинација со странична разделба што додава волумен на врвот, дополнително го издолжува лицето.

3. Долг боб со долги слоеви
Оваа подолга верзија на боб совршено ги издолжува цртите на лицето. Долгите слоеви од средината на косата до краевите додаваат текстура и движење, без да додаваат волумен на страните. Лесен е за стилизирање и благодарение на малку постепената форма, дава многу подмладувачки ефект.

4. Микро-пикси
Посмел избор, но исклучително ефикасен за жени кои сакаат визуелно да го издолжат своето лице. Совет од експерт: Избегнувајте строго залижан стил, особено ако имате многу светло руса, сива или црна коса, бидејќи тоа може да додаде години на вашиот изглед. Наместо тоа, одлучете се за текстуриран и разбушавен изглед за свеж и модерен ефект.

5. Бикси за кадрава коса
Совршена комбинација од боб и пикси, бикси за кадрава коса ја одржува должината под брадата, визуелно издолжувајќи го лицето. Кадриците природно додаваат движење и волумен на фризурата, придонесувајќи за помлад изглед без премногу напор.

6. „Шеги“ Боб
Смела комбинација од класичен боб и разбушавена фризура. Пократките слоеви создаваат волумен, додека краевите остануваат меки и лесни. Идеално за жени кои сакаат динамичен изглед и зголемен волумен.

7. Асиметрична бикси
Оваа верзија на Бикси е за права или малку текстурирана коса. Асиметријата е во тренд – едниот дел е подолг од другиот, а аголните шишки што се протегаат преку челото помагаат да се истенчи лицето и да изгледа помладо. Дополнителен бонус? Лесна е за одржување и не бара многу стилизирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Македонија2 часа

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата...

Топ2 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Македонија3 часа

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ3 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион6 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа6 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа7 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет7 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет7 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет7 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет8 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија16 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија17 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија20 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија22 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија23 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ1 ден

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија1 ден

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија1 ден

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...