Спорт
Катанец најавува цврст натпревар

Македонската фудбалска репрезентација во полн состав го одржа и вториот тренинг во својата база во гратчето Сустендајн во Холандија.
Селекторот Катанец изрази задоволство од условите за работа и очекува во целост да биде спроведено зацртаното и нашата селекција во најдобро светло да се претстави во дуелот со фаворитот број еден во групата , селекцијата на Холандија:”Се уште сметам дека можеме да го освоиме второто место во групата, дури и ако загубиме во Амстердам. Но доколку освоиме барем бод на ова тешко гостување, тогаш позициите на македонската репрезентација ќе бидат многу подобри во продолжението од квалификациите“.Холандија е тим , составен од светски ведети, но исто беше и во Скопје кога бевме рамноправен противник и многу блиску до бод. Пристапот кон овој натпревар е исто сериозен како и кон секој до сега и затоа подготовките во текот на 7 дена ќе ги спроведеме во Холандија. Ни требаат бодови, но не смееме да форсираме премногу. Ќе играме во наш стил со цел да создадеме што повеќе шанси за гол, бидејќи, верувам дека овие момчиња го можат тоа и ако искористиме барем една, тогаш можеме да се надеваме на поволни вести од Амстердам арената.Холандија под водството на Ван Марвајк покажа стабилност во овие квалификации, но и нови димензии во играта. „Лалињата“ добро ја познаваат секоја слабост на противникот и тука го бараат својот резултат. Нивниот тренер секогаш има џокер на клупата во случај на „незгоден“ резултат. Мислам дека нема да кажам ништо ново ако кажам дека на ЕП во Австрија и Швајцарија играа најдобар фудбал со Шпанците и дека ќе играат значајна улога на СП во Ј. Африка.” – изјави селекторот Катанец за официјалниот веб сајт на ФФМ. Утре, избраниците на Катанец ќе тренираат само еднаши тоа во терминот од 16:30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.
Спорт
Џака се врати во Премиер лигата

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин