Свет
Сириската армија го зазела центарот на бунтовничкиот град Хомс
анти-владините сили, јавува AFP цитирајќи извори во врвот на безбедносните служби во Дамаск.
Сириската армија во средата ја презела контролата врз квартот Баба Амр во центарот на градот Хомс, упориште на анти-владините сили, јавува AFP цитирајќи извори во врвот на безбедносните служби во Дамаск.„Оваа област е ставена под контрола. Армијата веќе почна со чистење и пребарување на квартот, куќа по куќа. Војниците претпазливо ги пребаруваат сите подруми и тунели во потрага по оружје и терористи“, изјавил соговорникот на агенцијата.Тој додал дека на тоа подрачје останале мали ткн „џебови“ на отпорот.Во квартот Баба Амр минатата седмица при бомбардирањето загинаа двајца западни новинари, Американката Мери Колвин и францускиот државјанин Реми Ошлик.Сириската опозиција тврди дека во интензивните бомбардирања од страна на режимските безбедносни сили врз Хомс во изминатите дваесетина дена загинале стотици цивили.Од своја страна, официјален Дамаск, тврди дека милитантите со минофрлачки оган од повеќе страни го гранатирале Хомс а потоа „фабрикуваат видео материјал за да се покаже дека гранатирањето врз населените квартови го вршат владините сили“.Според властите, ова се прави за да се „испровоцира странска интервенција во земјата“.Истоврмено, сириските власти не негираат дека во населбите и во близината на Хомс спроведуваат анти-терористичка операција.Во Сирија речиси една година не запираат анти-владините протести, коишто прераснаа во вооружени судири со владините сили. Секојдневни се извештаите за убиства на цивили и униформирани лица. Според податоците што ги објавија Обединетите нации, вкупниот број на жртвите во земјата надминува 7.500 луѓе. Но на 15-ти февруари 2012 година сириската влада соопшти дека се убиени 2.493 цивили и 1.345 војници и полицајци, во периодот од 15-ти јули 2011 година до 18-ти јануари 2012 година. Сириските власти тврдат дека припадниците на сириските безбедносни сили се борат против терористи, добро вооружени бунтовници и дезертери, коишто се помагани од странство./крај/афп//мф/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

