Македонија
Вечер: Обвинетите во Монструм немаат косовско државјанство
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за масакрот кај Смилковското Езеро, немаат косовско државјанство, ниту пак некогаш поднеле барање да станат косовски државјани официјално потврди косовското МВР, пишува дневниот весник Вечер.
Весникот побарал одговор од косовското МВР дали и кога Демири и Исмаиловиќ поднеле барање за косовско државјанство и кога им било одобрено, на што било официјално одговорено во текот на истиот ден.
Во дописот од косовското МВР стои дека Демири и Исмаиловиќ никогаш не доставиле барање за државјанство во Одделението за државјанство, азил и миграција на Министерството за внатрешни работи на Република Косово.
Со ова се демантираат шпекуалциите дека Демири и Исмаиловиќ се и косовски државјани, како и изјавата на косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, кој во средата рече дека Косово не екстрадира свои државјани и дека обвинетите имаат двојно државјанство.
„Косово не ги испорачува своите државјани. За двете лица за кои станува збор можам да ви кажам дека се косовски државјани, односно имаат косовско и македонско државјанство. Во моментот тие се предмет на судски процес во Косово и тоа ја отежнува екстрадицијата, изјави Кучи за порталот “Сетајмс“.
Демири и Исмаиловиќ до крајот на месецот треба да се појават во приштинскиот суд, бидејќи се обвинети за недозволено држење на оружје и повеќе од сигурно е дека ќе бидат осудени, што само ќе ја пролонгира и онака неизвесната екстрадиција во Македонија.
„Сега се поставува прашањето зошто Косово не ги екстрадира двајцата монструми и одлучи да ги држи во притвор и да им суди за далеку поблаго кривично дело во Приштина и која е вистинска цел зад оваа постапка, но и зошто не се придржуваат и го игнорираат договорот за екстрадиција што беше потпишан пред неколку години“ пишува весникот.
Демири и Исмаиловиќ беа уапсени на почетокот на март во приштинската населба Сончев Рид и им беше одреден екстрадициски притвор. Според обвинителниот акт за случајот “Монструм“ двајцата биле непосредни извршители на ликвидацијата на петтемина цивили кај Смилковското Езеро. /крај/вечер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

