Политика
Димовски: Ако Јанева не дојде во Собрание, нема да и се прифати ни едно барање
Катица Јанева е должна, според закон, да присуствува на Комисијата за политички систем во Собранието, за да го образложи својот извештај за шестмесечното работење, појасни, во вторник Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, откако Јанева, како што рече, не се појави на продолжението на седницата.
„Госпоѓата Катица Јанева е должна да поднесува извештаи, да присуствува и да ги образложува своите извештаи пред Собранието на Република Македонија и пред неговите работни тела онака како што предвидува Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и онака како што е апсолутната пракса, без исклучоци, на поднесување на извештаи и нивно бранење на десетици и десетици државни институции и тела, одговорни за својата работа пред Собранието“, рече Димовски.Тој информира дека уште пред неколку дена, пред воопшто да започне расправата по извештајот на СЈО, му беше предложено на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески да биде усогласен и прифатен договор за распоред на говорници и репликанти за целиот тек на седницата на Комисијата, што во тој момент не било прифатено, а вчера понудиле секоја пратеничка група да има право на максимум 5 дискусии, со ограничено време и со ограничено право на реплики, со што ќе имаше предвидливост и видлив крај на седницата на Комисијата, што исто така не било прифатено.„Исто така, сакам да ве потсетам дека госпоѓата Катица Јанева, сама достави допис дека ќе биде на располагање на Собранието во периодот од 19 септември до 30 септември, што ние колегијално и принципиелно кажавме и бевме спремни да го почитуваме, но очигледно нема самата да го испочитува“, додаде Димовски.Според него, СДСМ, СЈО, шарените платени демонстранти на Сорос и Катица Јанева се усогласени и координирани, мислење што го поткрепи со вчерашните долги и многу по број процедурални забелешки од страна на пратеници на СДСМ, бегањето на Катица Јанева од расправа во Комисијата и неуспешниот протест на шарените платени демонстранти на Сорос беа дел од планот како Катица Јанева да биде извлечена од обврската да дебатира, дискутира и поднесува одговорност пред Собранието.„На СДСМ и на другите совршено им јасно дека СЈО не е ниту непристрасно, ниту е објективно, ниту ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот, нити пак својата работа ја врши законито, ниту во вршењето на својата функција обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот“, вели Димовски, и додава дека СЈО и тимот кој го раководи ниту се држи до законите, односно ги прекршува, ниту има капацитет и квалитет во својата работа, ниту има ефикасност. „СДСМ и Катица Јанева не сакаат транспарентност во работата на СЈО бидејќи немаат одговор каде се потрошени околу 60.000.000 денари“, рече Димовски.Според него, таа одговорила 20 отсто од поставените прашања, а одговорите биле оскудни, не го образложила Извештајот, а наместо нејзе тоа се обиделе да го направат двајца пратеници на СДСМ. Димовски смета дека на јавноста и била ускратена можноста да добие одговори на многу прашања.„Доколку СЈО и госпоѓата Катица Јанева не постапат во согласност со Уставот и законите, сакаме да потенцираме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија воопшто нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог од страна на СЈО.Ние сме повторно спремни за договор околу времетраењето на дискусиите и репликите и сме спремни расправата за Извештајот на СЈО да заврши во рамки на неколку дена, но ќе инсистираме на донесување на собраниски заклучоци во кои ќе бидат позиционирани и сите проблеми, нелогичности и недостаток од информации во Извештајот на Катица Јанева, по кои заклучоци понатаму ќе може да се произнесуваат сите надлежни институции“, додаде Димовски./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.