Регион
Озрачени неколку работници во белградска „Вична“
Пет вработени на српската државна компанија „Нуклеарни објекти на Србија“, (НОС) биле изложени на зголемена радијација на 19-ти април при извршување на задача за којашто не била издадена официјална дозвола, на работата во истражувачкиот нуклеарен институт „Винча“
За инцидентот кој се случил при отстранување на горивните прачки, надлежните органи дознале шест дена подоцна. Оваа операција била извршена без одобрение на српската Агенција за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност, пишува белградскиот весник Политика.
Српските власти во врска со инцидентот биле официјално известени од страна на организаторите на работата во реакторот РА дури на 25-ти април, а јавност со штура информација еден ден подоцна. Во писмото упатено до заменикот премиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се наведувало само дека вработените не добиле фатални, туку повисоки дози од зрачење, пишува весникот.
Според ексепрт кој сакал да остане анонимен, во близина на реакторот радијацијата изнесувала повеќе од еден сиверт на час, што за четири до пет часа претставува смртоносна доза за луѓето. Според информациите, работниците во близина на реакторот останале неколку минути, примајќи доза на зрачење од 40 до 100 микросиверти, додека пак максимална стапка изнесува 20 микросиверти на ден.
Претставниците на „Нуклеарните објекти на Србија“, како реакција на медиумските написи, соопштија дека нема причина за загриженост, како и дека дозата на зрачење на којашто биле изложени работниците изнесувала онолку на колку што се изложени „патниците за време на интерконтинентални летови“ на височина од 10 до 12 илјади метри.“
Институтот „Винча“ располагаше со два во поранешниот Советски сојуз произведени истражувачки нуклеарни реактори, кои веќе не се користат. Сепак, како што забележува Политика, во базенот со вода и специјални хемикалии, сé уште се чуваат горивните прачки.
На крајот на 2010 година Србија го испрати на утилизација во Русија потрошеното гориво од реакторот „Винча“ 8030, кое содржеше 2,5 тони ураниум./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

