Македонија
НСДП: повлечениот кредит од ММФ е обид за озаконет поткуп

Повлечениот кредит од ММФ од страна на Владата на РМ од 220 милиони евра, според НСДП е обид за озаконет поткуп, а со цел финансирање на претстојните избори
„Ја задолжувате Македонија со огромни 220 милиони евра што е скоро десет отсто од планираните буџетски приходи за 2011 година и велите дека е тоа нормално. Не е нормално да ги задолжувате македонските граѓани за ваши тесно партиски интереси, а со цел финансирање на претстојните избори. Јасно е дека се водите од мотото „Што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари“, па оттука очигледно е како ќе ги потрошите овие средства. Вашите намери не се чесни“, изјави денеска Предраг Трпески од НСДП.НСДП се сомнева дека овие средства ќе бидат искористени за финансирање на нови, партиски вработувања, предизборни исплати на земјоделците, сточарите и стечајците.Трпески ја повика Владата да почне да ги решава социјалните проблеми во Македонија, а не како што рече да се луксузира на грбот на македонските граѓани и идните генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, рече Ангелов, алудирајќи на импровизираната одбрана од пожарите кога едно од ланските видеа на кои гасне пожар со гранка стана вирално на социјалните мрежи. Тој информираше дека државата располага со нови противпожарни ресурси распределени низ институциите и министерствата, како никогаш претходно.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
На воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Мицкоски, потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.
Македонија
Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата Волковска

Град Скопје со Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје ја заврши реконструкцијата на ул. Волковска.
Од Градот велат дека реконструкцијата се состоела во две фази, од кои првата фаза на реконструкција на подземната инфраструктура, се изгради нова атмосферска канализација со профил Ф500 по улицата 100 во Волково, со што се реализирало уште едно ветување од програмата. Станува збор за проект со кој се гради нова атмосферска канализација во вкупна должина од 1650 метри, кој го реализираше од скопското јавно претпријатие Водовод и канализација.
„Со овој проект се разрешува долгогодишниот проблем со кои се соочуваа жителите на ова населено место во општина Ѓорче Петров, каде по обилни дождови, доаѓаше до излевање на фекални води и преоптоварување на мрежата. Со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на новата атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем“, информираа од Град Скопје.
Во втората фаза се реконструираше коловозот во вкупна должина од 1700 метри на површина од 13.240 метри квадратни, се поставија нови рабници, се обновија тротоарите за подобрување на пристапот за пешаците и се нивелираа на над 30 шахти. Со реконстукцијата на коловозната површина на оваа сообраќајница се овозможи побезбедно движење на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, како и на сите учесници кои во сообраќајот.
Преку инвестициите во комуналната инфраструктура се надминуваат предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со години и се овозможува порамномерен развој, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, особено проекти кои биле неопходно потребни, а не биле реализирани со децении.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени 13,7 милиони евра за заостанати обврски, започна модернизација на Армијата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ за време на своето седумгодишно владеење не само што била неспособна да реализира големи проекти, туку и редовните обврски кон вработените во Армијата и Министерството за одбрана биле системски занемарени. Според партијата, СДСМ со години не исплаќала надоместоци предвидени со закон, што резултирало со бројни тужби.
Со преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 13,7 милиони евра за исплата на заостанатите обврски, вклучително и регрес за годишен одмор. Ќе бидат наградени 436 војници кои се бореле со пожарите минатото лето. За модернизација на Армијата годинава се одвоени 106 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од лани. Донесен е и нов Закон за вработените во Министерството за одбрана со цел подобрување на нивниот статус и мотивираност.