Спорт
Почина францускиот навивач претепан во Белград
Бри Татон, навивач на францускиот клуб Тулуз кој беше брутално претепан пред натпреварот Партизан – Тулуз на 17-ти септември во Белград, починал како последица на тешките повреди, јавија белградските медиуми
Повеќе белграѓани денеска на оваа вест се собрале пред француската амбасада со цвеќиња и свеќи, изразувајќи го сочувството за смртта на 28-годишниот Татон. Несреќниот навивач во белградскиот клинички центар беше опериран заради повреди на градната аорта и на карлицата, а потоа заради крварењето во мозокот беше подвргнат на уште една тешка операција.Бри Татон беше рутално претепан во бавчата на „Ајриш пабот“ на Обилиќев венац во Белград. Два дена подоцна беа упасени 11 лица, кои се осомничени за нападот. Тој се обидел да побегне, но веќе тешко повреден паднал од висина од шест метри. Напаѓачите употребиле метални шипки, бејзбол палки вонападот врз тројцата франуски навивачи, од кои двајца минаа со поелни повреди. Несреќнито Татон бил изделен од групата икрвнички тепан. Десетмина заработија притвор од 30 дена под сомнение дека извшиле кривично дело обид за убиство,а еден беше пуштен да се брани од слобода.Високи полициски функционери и српски политичари пред извесно веме обвинија дека нападот, сега убиството на Татон, како и други напади врз странци во Белград, се организирана акција на групации кои сакаат да ја држат Србиај подалеку од Европската Унија. Француското министерство за надворешни работи денеска го повтори своето барање за најостри казни протви сторителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

