Спорт
Андреа Ларини ќе биде еден од возачите за време на WTCC трката во Имола
Одлична трка за победниците Мичелис и Коронел за време на SEAT León Eurocup во Осшерслебен
Овој викенд, трката од SEAT León Eurocup која се одржа на Осшерселен патеката, беше доста возбудлива за сите љубители. Првата трка се одржа во саботата и финишираше со победа на Норбет Мичелис, беше една од подобрите трки во текот на овој шампионат, додека, пак, трката која се одржа во неделата резултираше со победа на Том Коронел. Најдобриот возач во коминација со најдобар резултат во текот на двете трки беше Андреа Ларини, кој благодарение на двете места од победничкиот подиум кои ги освои во текот на првата и втората трка, беше награден со можност да се натпреварува за време на WTCC шампионатот на патеката во Имола, и тоа управувајќи со SEAT León WTCC автомобил.Во текот на втората трка, која се одржа во неделата, лидерот Фреди Барт ја имаше лидерската позиција се додека не беше казнет од страна на раководството на шампионатот поради инцидентот кој го предизвика во еден од свиоците, заедно со возачот Том Коронел, кој е всушност еден од потенцијалните победници заедно со Роси, Ларини и Дудукало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.
За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.
Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.
Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.
Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.
Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.
Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.
И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул го сака Камавинга?
Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“.
Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата.
„По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја отвори вратата за реконструкција на тимот. Едуардо Камавинга, 22-годишен француски играч за врска, сега се етаблираше како играч кого сакаат да го видат на „Енфилд.
Со амин на Арне Слот, англискиот клуб се стреми да ја искористи моменталната „клима“ во Реал Мадрид и да испрати официјална понуда. Интересот, опишан од стручњаците на британскиот пазар како реален и долгорочен, укажува на договор што би ги надминал вообичаените суми што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврди „Фихајес“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Франк ги брои последните денови на клупата на Тотенхем
Челниците на Тотенхем сериозно размислуваат да му врачат отказ на тренерот Томас Франк. Тотенхем, вчера, доживеа пораз на домашен терен од Вест Хем (1:2).
Иднината на Франк. како што пишува „Тајмс“ е доведена во прашање по неговиот осми пораз во 14 натпревари.
Данецот беше исвиркан додека навивачите на Спарс скандираа „Утре сабајле ќе добиеш отказ“ по поразот од нивните лондонски ривали.
Во текстот се наведува дека раководството на клубот сакало да му даде време до сега, но најновиот пораз би можел да ја промени ситуацијата.
Тотенхем е 14-ти во Премиер лигата, десет бода над зоната за испаѓање и сè уште нема победа во 2026 година.
Спарс имаат победа само на еден од последните осум натпревари во сите натпреварувања, а во наредниот период им престои дуел со Борусија Дортмунд дома во Лигата на шампионите во вторник и на гостински терен против Барнли во Премиер лигата следната сабота.
Foto/ depositphotos

